Свет
ИСАФ ослободи 27 заложници на талибаните, а петмина загинаа
Меѓународните сили и авганистанската војска вечета кон среда спровеле операција за ослободување заробеници од талибански „затвор“ на југ од Авганистан при што ослободиле 27 заложници а петмина биле убеини, потврдија НАТО и локалните власти
Талибаните во објектите кои ги користеле како зандани во синџири држеле оковани хуманитарни работници и службеници на авганистански владини институции. Овие објекти биле сокриени во селот Шаир Гази, во немирната област Муса Кали во покраината Хелманд, пренесува AFP.„Дваесет иседум затвореници се ослободени во операцијата, а убиени се осум талибани и, за жал, петмина заложници“, изјавил Даут Агмади, портпарол на покраинската влада во Хелманд.Петмината Авганистанци кои работеле за американската невладина организација International Relief and Development беа грабнати во април годинава. Од нив тројца се ослободени, а двајца загинале во операцијата, соопштила компанијата.Командата на НАТО ја потврди со соопштение оваа операција, но според нивното коминике, сите тринаесетмина убиени биле талибански бунтовнци и ниеден цивил не настрадал. Покрај тоа, во соопштението на Алијансата се додава и дека заложниците биле измачувани од страна на талибаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.
Свет
Зеленски за Иран: Тие не заслужуваат да постојат
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поддржа американската позиција за Иран во своето дневно видео обраќање објавено на социјалните мрежи.
„Ја поддржуваме позицијата за Иран: режим кој траеше толку години и уби толку многу луѓе не заслужува да постои“, рече Зеленски.
Исто така, тој додаде дека „промените се неопходни“.
Пораката на Зеленски доаѓа во време кога голем број европски земји ги поканија иранските амбасадори на разговори во знак на протест против смртоносното задушување на демонстрантите.
Од друга страна, воениот непријател на Украина, Русија, инаку сојузник на Иран, го осуди она што го опиша како „субверзивно странско мешање“ во внатрешната политика на Техеран, пишуваат медиумите.

