Македонија
Запленети над 550 кутии цигари на Деве Баир
Царинските работници од граничниот премин Деве Баир во текот на вчерашниот ден заплениле привремено задржаа 533 кутии цигари, во два одвоени случаи.
Царинските работници од граничниот премин Деве Баир во текот на вчерашниот ден заплениле привремено задржаа 533 кутии цигари, во два одвоени случаи.Како што соопшти денеска Царинската управа, обидот за шверц бил откриен во вечерните часови.При контрола на две патнички возила со бугарски ознаки, управувани од бугарски државјани двете пријавени за излез од државата, биле откриени вкупно 533 кутии цигари, марка LD blue, со македонски контролни маркички.Непријавената стока била сокриена, во едниот случај, под хаубата, околу моторот, и во внатрешноста на звучникот што се наоѓаше во багажникот, а во вториот случај под предните калници и во фабричка празнина која се наоѓа под ветробранското стакло на возилото. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Времето денеска облачно со дожд и снег
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а максималните од 3 до 12 степени.
Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и на пониските места.
Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Македонија
Градот Скопје организира вонредно чистење на Шуто Оризари: „Курто Дудуш си направил приватна депонија“
Градот Скопје од вечерва организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општина Шуто Оризари.
Oд тука појаснуваат дека акцијата е со цел спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината, а Градот за состојбата го обвинува градоначалникот Курто Дудуш.
„Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш. Имено, Дудуш си поставил свои приватни контејнери на општинските улици, а на граѓаните им наплаќа за чистење на отпад на парагон блокче за што се располага со соодветни докази. Потоа, иако знаел дека е незаконски, отпадот го складирал на свој имот односно приватна парцела во негова лична сопственост со која си склучил договор и ја дал под закуп на општината. Отпадот кој го собирал спротивно на закон и си наплаќал за истото, потоа наместо да го одложи во единствената акредитирана депонија “Дрисла” тој со истиот си направил приватна депонија. За ова веќе се утврдени соодветни противзаконски дела, составени се записници и поднесена е пријава“, велат од Град Скопје.
До надлежните органи апелираат итно да ги преземат сите соодветни мерки за санкционирање на Курто Дудуш, а градот Скопје стои на располагање за дополнителни појаснувања и достава на сите докази со кои располага за утврдениор екоцид во режија на Дудуш.
Македонија
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити
Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Интерпелацијата беше поднесена од Европскиот фронт поради, како што беше посочено, неговата неспособност да управува со ситуации кои придонеле за влошување на меѓуетничките односи.
Меџити, пак, рече интерпелацијата не поврзана со албанскиот јазик или балансерот, туку со желбата на ДУИ да се врати на власт, и и’ порача дека треба да се реформира.
Интерпелации се поднесени и за вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик, Астрит Исени.