Македонија
СДСМ: Груевски има единствена опција
Народот масовно излезе на улица и побара избори. Груевски има една единствена опција. Да го прифати тоа што го бара народот и да биде поразен на предвремени избори, рече денеска потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев.
Според опозициската СДСМ на протестниот марш имало над 50 илјади луѓе, кои како што рече Георгиев излегле масовно на улица за да се спротивстават на режимот на Груевски.
„Колку и да се трудеше ВМРО ДПМНЕ преку негативна и мизерна кампања, прес конференции, мрачни сценарија, приземни графити и флаери да ги одврати и заплаши граѓаните од протестниот марш, во тоа не успеа. Вчера на режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ му се случи народ“, рече Георгиев.
Тој информираше дека вчера во Собранието влегле единствено пратениците на СДСМ и опозициониот фронт.
„Предложивме конкретни пакет решенија за соборување на ненародниот и криминален режим на Никола Груевски на предвремени парламентарни избори. Тоа е вистинскиот глас на народот“, рече потпретседателот на СДСМ.
Партиите кои се дел од владејачкото мнозинство велат дека се подготвени за предвремени избори, но според нив тоа не е решение и нема да помогне за излез од кризата.„Ќе ја разгледаме иницијативата за распуштање на Парламентот, како политичка партија сме подготвени во секое време да одиме на избори па, ако треба и на предвремени. Сметаме дека ова е период во кој што во земјата сите политички фактори треба да се обединат и да ја надминат блокадата која што ја предизвикана од нерешениот спор за името“, изјави Ермира Мехмети од ДУИ.
Според неа предвремени избори нема да има, доколку нема решение за името, а како што рече опозицијата нема понудено конкретно решение.
Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов смета дека не е време за предвремени избори, иако се целосно подготвени да се соочат со народот.
„Демократскиот сојуз смета дека не е време за предвремени избори но, исто така сме подготвени да се соочиме со граѓаните бидејќи рејтинзите ни се познати. СДСМ повторно ќе се соочи со пораз. Предвремените избори не се решение за излез од кризата“, рече Трајанов.
Од албанската опозициска партија, Нова Демократија велат дека оваа Влада треба да се детронизира, затоа што оваа како што посочуваат тие е влада на изолација, на дестабилизирање на меѓуетничките односи, антиалбанска влада, влада на коалиција на лични интереси./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

