Свет
Можна смртна казна за американскиот војник-убиец
Американскиот министер за одбрана Леон Панета изјави дека доколку на американскиот војник кој изврши масакр над 16 цивили во Авганистан му се суди во рамките на американскиот правосуден систем би можело да биде
Американскиот министер за одбрана Леон Панета изјави дека доколку на американскиот војник кој изврши масакр над 16 цивили во Авганистан му се суди во рамките на американскиот правосуден систем би можело да биде побарана смртна казна за него.
Панета изјави дека американските власти сè уште не знаат кои мотиви стојат зад овие убиства, кој во првиот коментар за овој случај се обиде да го претстави како изолиран инцидент којшто нема да ги измени плановите за постепено повлекување на американските борбени сили од Авганистан до крајот на 2014 година, јави АФП.
Американскиот војник е обвинет дека по напуштањето на базата на југот на Кандахар во неделата пред зори упаднал во три селски куќи и на спиење убил 16 луѓе, меѓу кои девет деца и три жени, а некои од телата и ги запалил.
„Војникот, чие име сè уште не е објавено излегол рано наутро, отишол во тие куќи и пукал на семејствата. Потоа се вратил во базата и практично се предал, на неколкумина кажал што се случило“ изјави Панета.
Од друга страна Ројтерс пренесува изјава на еден неименуван американски службеник за тоа дека војникот бил лечен од трауматски повреди на мозокот здобиени кога неговото возило се превртело во Ирак во 2010 година, но дека засега е прерано да се каже дали постои врска меѓу повредите од пред две години и инцидентот во Авганистан.
Авганистанските пратеници побараа војникот да биде изведен на јавно судење во Авганистан, додека претседателот Хамид Карзаи рече дека убиствата се „непростливи“./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

