Свет
Востаници: Убиен уште еден син на Гадафи

Еден од синовите на либискиот лидер Моамер ел- Гадафи, е убиен, како што се претпоставува, за време на воздушен напад на авионите на НАТО, јавува во петокот AFP повикувајќи се на бунтовнички извори.
Еден од синовите на либискиот лидер Моамер ел- Гадафи, е убиен, како што се претпоставува, за време на воздушен напад на авионите на НАТО, јавува во петокот AFP повикувајќи се на бунтовнички извори.Според агенцијата, авионите на НАТО во текот на ноќта кон петокот извеле нови напади врз либиската престолнина Триполи во која одекнале десетина силни експлозии. Според либиската државана телевизија, цели на нападите на Алијансата биле „цивилни и воени инсталации“ во предградието на главниот град Хелат ал-Ферџан. Либискитe револуционерен сили тврдат дека еден од синовите на полковникот Моамер ел-Гадафи е убиен во воздушен напад на авионите на НАТО во западниот град Злитан.„Во текот на ноќта беше извршен авионски напад од страна на НАТО врз штабот за воени операции на силите на Гадафи во Злитан, при што се убиени околу 32 војници. Еден од нив е Камис“, изјави Мохамед Завави, портпарол на обединетите либиски револуционерни сили.Завави додава дека тој ја добил информацијата од бунтовничките шпиони инфилтрирани во редовите на војската на Гадафи, пишува Press TVКамис Гадафи долго време ги предводеше про-режимските милициски групи во градот Злитан, долго време и командуваше со борбите за овој западен град за да сопре напредувањето на бунтовничките сили кон главниот град Триполи.
НАТО не може да ја потврди оваа информација, туку од Брисел потврдуваат дека воените авиони на Алијансата го нападнале регионот на градот Злитан во кој според оперативните информации се наоѓаат најлојалните и најдобро опремените сили на Гадафи. Тие во Злитан ги држат позициите за одбрана на Триполи кој е оддалечен околу 160 километри.
Градот Злитан се наоѓа на патот меѓу упориштето на либиските востаници, Мисрата и Триполи а бунтовничките сили веќе подолго време се обидуваат да го заземат и да го ослободат крајбрежниот пат кон либиската престолнина.
Претставниците на НАТО од оперативната команда во Неапол изјавија дека слушнале за информациите за смртта на синот на Гадафи, но дена не можат да ги потврда. „во овој момент не можеме ништо да потврдиме“, бидејќи нема луѓе на тој терен, но се обидуваме да дознаеме што точно се случило“, изјавил соговорник на Reuters од командата во Неапол.
Засега ниту владата во Триполи сé уште не се огласи по информациите за загинувањето на Хамис Гадафи.
Во воздушнен напад на авионите на НАТО од ноќта меѓу 30-ти април и 1-ви мај врз резиденцијата на Гадафи во Триполи, беше убиен најмладиот син на либискито водач, 29-годишниот Саиф ал-Араб, како и три внуци на Гадафи – двегодишниот Сеиф, двегодишната Картаџе и четиримесечното бебе Мастура, како и неколкумина негови пријатели и соседи./крај/афп/птв/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ученик од седмо одделение приведен во Србија: донел нож и список за отстрел во училиште

Ученик од основното училиште „Јован Стерија Поповиќ“ во Нов Белград е однесен во полиција на разговор, објави српски Блиц.
Се сомнева дека вчера во училиштето донел список за убивање и нож.
Момчето е испрашувано од полицијата по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, а се вели дека станува збор за ученик во седмо одделение.
Сите околности на инцидентот сè уште се утврдуваат, а деталите не се познати.
Регион
Млад човек уапсен во Далмација за силување и детска порнографија

Окружното државно обвинителство во Сплит отвори истрага против 25-годишен хрватски државјанин под сомнение за силување и повеќе кривични дела на детска порнографија.
Според соопштението од државното обвинителство, мажот е осомничен дека ги сторил овие кривични дела во 2024 и почетокот на 2025 година во Сплитско-далматинската жупанија. Тој е обвинет за силување согласно член 153 став 1 од Кривичниот законик и повеќе кривични дела детска порнографија согласно член 163 став 1 и 2.
По сослушувањето на осомничениот, Окружното државно обвинителство му предложи на истражниот судија да му биде одреден притвор поради можноста за влијание врз сведоците и ризикот од повторување на кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и му одреди притвор врз основа на законски основи согласно член 123 од Законот за кривична постапка.
Свет
108 камиони со храна и брашно влегоа во Газа

Израелската агенција за координација на активностите на палестинските територии (COGAT) денес објави дека 108 камиони со хуманитарна помош што превезуваат брашно и храна влегоа во Појасот Газа.
Некои од камионите беа транспортирани до нови места за дистрибуција на помош управувани од Хуманитарната фондација Газа (GHF), која е поддржана од Израел и САД.
Помошта поминала инспекција од страна на израелските власти пред да влезе во Газа преку преминот Керем Шалом, каде што голем број камиони сè уште чекаат, објавува „Тајмс оф Израел“.
Израел ја продолжи испораката на помош за Газа на 19 мај, по пауза од повеќе од два месеци, и оттогаш 1.459 камиони влегле во палестинската енклава.
Обединетите нации и другите хуманитарни агенции наведуваат дека ова не е доволна количина помош за 2,1 милиони жители, предупредувајќи на ширењето на гладот во окупираната енклава и критикувајќи ја новата фондација за помош бидејќи е под контрола на Израел, објавува „Танјуг“.