Свет
Меѓународен ден на населението
Светските лидери да ги третираат здравјето и правата на жените како политички и развоен приоритет
Светските лидери да ги третираат здравјето и правата на жените како политички и развоен приоритет.
Апелот го упатија Обединетите нации (ОН) по повод Светскиот ден на населението – 11 јули.
„Инвестирањето во жените и девојките ќе ја постави сцената не само за економско опоравување, туку и за долгорочен економски раст што ја намалува нееднаквоста и сиромаштијата“, се наведува во пораката на извршниот директор на УНФПА (Фонд за население на ОН), Тораја Ахмед Обеид./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Гренландскиот премиер: Сакаме да останеме Гренланѓани
Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, изјави дека островот сака блиски односи со САД и Данска, но до одредена граница.
Гренланѓаните не сакаат да бидат Данци. Гренланѓаните не сакаат да бидат Американци“, рече Егеде во интервју за Фокс њуз.
Неговите изјави би можеле да го фрустрираат новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно покажа интерес да ја преземе контролата врз стратешки лоцираниот и богат со ресурси остров.
Данската премиерка Мете Фредериксен го поддржа тврдењето на Егеде дека „Гренланд не е на продажба“ и ја повтори таа порака до Трамп за време на телефонскиот разговор пред два дена во средата.
Во интервјуто со Брет Бајер, Егеде го поздрави силното партнерство со ЕУ и САД и изрази отвореност за зголемени европски и американски инвестиции во рударскиот сектор на островот. Слични ставови изрази и министерката за природни ресурси на Гренланд, Наја Х. Натаниелсен, во авторски текст за Вашингтон пост.
Егеде рече дека Гренланѓани би избрале независност доколку имаат можност да гласаат на референдум, нагласувајќи дека одлуката им припаѓа исклучиво на народот на Гренланд.
Доколку оваа данска територија постигне независност, Егеде посочи дека Гренланд би сакал да остане дел од НАТО како членка на алијансата и да одржува силно безбедносно и одбранбено партнерство со САД и ЕУ.
Европа
Зеленски до Фицо: Пукаа во тебе зошто не прости?
„Словачката влада игра многу опасна игра критикувајќи ја воената поддршка на Западот за Украина и приближувајќи се кон Русија“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за полски медиуми.
„Словачките лидери играат многу опасна игра. Тие ќе продолжат да го прават тоа додека војната не стигне до нивните домови“, рече Зеленски.
Неговите изјави доаѓаат во време на растечки спор меѓу Украина и Словачка, откако словачкиот премиер Роберт Фицо му се закани на Киев со последици за неговата одлука да го запре транзитот на руски гас во ЕУ.
Фицо, кој ја посети Москва во декември за да разговара за прашањата за снабдување со гас со рускиот претседател Владимир Путин, исто така постојано ја критикуваше воената помош за Украина и санкциите кон Русија.
Во интервју за полски новинари, Зеленски се присети на разговорот со словачкиот премиер за време на состанокот на европските лидери.
„Му реков: Пукаа во тебе. Зошто не прости? Зошто го уапси тоа лице што те повреди?“, рече Зеленски, правејќи паралела помеѓу руската инвазија на Украина и обидот за атентат врз словачкиот премиер.
Фицо беше тешко повреден откако беше застрелан во словачкиот град Хандлови на 15 мај 2024 година, по состанок на владата. Словачките власти соопштија дека нападот бил политички мотивиран. Осомничениот, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, е притворен и го чека судењето.
„Го потсетив на тоа и му кажав дека сите ние, без разлика на вашите позиции, го осудуваме таквиот потег затоа што е застрелан жив човек“, рече Зеленски.
„А тоа е Путин. Тој е истиот. Пука во живи луѓе, иако со туѓи раце“, заклучи Зеленски.
Свет
Откриена „вистинската причина“ зошто Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп
Поранешната прва дама Мишел Обама нема да присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, а откако почнаа гласините за развод со Барак, американските таблоиди излегоа со, како што велат, „вистинските причини“. Според изворите, Мишел е решена да остане доследна на своите верувања и да не учествува во настани кои не се во согласност со нејзините вредности.
Така, таа нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп бидејќи тоа би било во спротивност со нејзините верувања.
Оваа одлука е во спротивност со неодамнешните напори на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, кој се обидува да покаже единство на различни начини. Барак неодамна беше виден на погребот на поранешниот претседател Џими Картер како срдечно разговара со Трамп, а моментот на нивниот близок разговор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
Извор близок до Мишел изјави за „Пејџ Сикс“ дека поранешната прва дама нема потреба да биде присутна на инаугурацијата или да одржува површни односи со Трамп. „Мишел никогаш не била неискрена или површна. Секогаш внимавала каде се појавува и зошто. Нејзиното отсуство на инаугурацијата јасно кажува се што треба да се каже”, рекол изворот.
Поранешната прва дама е позната по своите отворени ставови, а нејзината одлука да не присуствува на овој настан натера многумина да се запрашаат – што вели ова за нејзиниот сопруг, кој се труди да одржи пристојни и срдечни односи со Трамп и покрај нивните политички разлики?
Трампови не присуствуваа на инаугурацијата на Џо Бајден во 2021 година, со што ја прекинаа традицијата поранешните претседатели и нивните сопружници да учествуваат на церемониите за инаугурација на нивните наследници, дури и кога припаѓаат на спротивната политичка партија.
Барак Обама е потврден како учесник на овогодинешната инаугурација, додека Мишел реши да не се оправдува за своето отсуство. Претходно, нејзиното отсуство од погребот на Картер беше образложено со „конфликт за распоред“, но во овој случај не беше наведена официјална причина.