Спорт
Меси: Не можам сé сам
За разлика од Барселона со која освои сé што може да се освои во клупските натпреварувања, најдобриот фудбалер во светот последните години, Лионел Меси, во дресот на аргентинската репрезентација ниже само разочарувања.
За разлика од Барселона со која освои сé што може да се освои во клупските натпреварувања, најдобриот фудбалер во светот последните години, Лионел Меси, во дресот на аргентинската репрезентација ниже само разочарувања. Пред почетокот на квалификациите за Светското фудбалско првенство коешто ќе се одржи во најголемиот ривал на неговата Аргентина – Бразил, Лионел Меси на навивачите на „гаучостите“ им порача дека е силно мотивиран,. Но дека сепак не може сé самиот.„Фудбалот е колективен спорт и ниеден играч не може сам да победува. Тоа важи и за Аргентина, но и за Барселона, па и за која и да е друга екипа. Не можам сé самиот, важно е да се игра како тим“, порача Меси пред натпреварот со Чиле кој треба да се одигра во петок во аргентинската престолнина Буенос Аирес. Три дена подоцна селекцијата на Аргентина, пак, гостува во Венецуела. „Меси во дресот на репрезентацијата постигна 17 голови, а намести многу повеќе од кој и да е друг. Нема причини за критики за неговите игри, бидејќи тој секогаш максимално се труди“, рече аргентинскиот селектор Алехандро Сабела. Во јужноамериканските квалификации за Мундијалот во 2014 година се натпреваруваат девет репрезентации, бидејќи Бразил како домаќин автоматски се квалификува. Првите четири репрезентации директен пласман за првенството, додека петтата ќе настапи во дополнителни квалификации./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис прв ќе стартува во спринт трката, Антонели втор, Пајстри трет
Ландо Норис го освои првото место во квалификациите за спринт на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Британецот во Мекларен блескаше во квалификациите, првото место го избори со резултат 1:09.243. Норис моментално е лидер во шампионатот.
Второто место изненадувачки го освои Андреа Кими Антонели зад воланот на Мерцедес, додека Австралиецот Оскар Пјастри, колегата на Норис заврши на третото место. До него ќе стартува возачот на мерцедес Џорџ Расел.
Макс Верстапен, актуелниот шампион, беше само шести, иако имаше најдобро време во првиот сектор, потоа направи грешка, па ќе стартува зад Фернандо Алонсо кој имаше одлично квалификации со Астон Мартин.
Спринтот е закажан за сабота во 15 часот. Главната трка ќе се вози во недела од 16:30 часот.
Спорт
Ваноли ја презеде Фиорентина
Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина.
Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот.
Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола.
Овој стручњак нема клуб откако го напушти Торино ова лето, а интересно е што беше под договор со „биковите“ до 2026 година, а го раскина дури вчера.
Сега немаше повеќе проблеми и пречки, па Ваноли е новиот тренер на Фиорентина.
Да ве потсетиме дека тој ќе го замени Стефано Пиоли кој немаше добар почеток во Фиренца. Во првите десет рунди, Фиорентина не забележа победа и со само четири бода се наоѓа на последното место во Серија А.
Во својата кариера, Ваноли ги водеше италијанските репрезентации до 16, 18 и 19 години, Спартак Москва, Венеција и Торино.
Спорт
Познато е кој ќе игра во НБА Европа
Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување.
Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година.
Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул.
Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија по два. Сè уште не е познато дали ќе се формираат нови тимови или ќе се активираат некои постоечки.
„Моментално, има многу дискусии за екосистемот и градовите на учесниците, како и за тоа како изгледаат арените во кои ќе играат. Разговараме со претставници на постоечки тимови, фудбалски тимови кои немаат свое име во кошарката, а ќе има и градови од кои ќе почнеме од почеток. Ќе биде полуотворено натпреварување. Формат со 16 тима, од кои 12 се постојано таму, а четири доаѓаат од Лигата на шампионите на ФИБА“, вели Ајвазоглу.

