Свет
Ештон не е сигурна за влез на палестинската држава во ОН
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Кетрин Ештон изјави за израелскиот дневен весник Haaretz изјави дека не е сигурна дали Обединетите нации (ОН) во септември ќе се гласа за влегување на палестинска држава во светската организација
„Како меѓународната заедница, пред се Европската унија, ќе гласа зависи од тоа што ќе содржи резолуцијата. Можно е дека ОН гласа и ЕУ да биде за. Сето тоа многу ќе зависи од содржината на резолуцијата“, вели Кетрин Ештон.Ештон престојува во неколку дневна посета на Израел каде се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас. Притоа таа повтори дека треба да се продолжи со напорите за обновување на израелско-палестинските преговори кој запреа во септември 2010 година. Палестинските претставници сепак се надеваат дека на Генералното собрание на ОН коешто треба да се одржи во септември во Њујорк, ќе успеат на своја страна да ги придобијат членките на ОН да ја признаат нивната држава во границите од 1967 година.Израел е против оваа иницијатива и се залага за продолжување на преговорите, но не го прифаќа палестинското барање за запирање на изградбата на еврејските населби на окупираните територии, што, пак, е предуслов за палестинската страна за рестартирање на преговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

