Спорт
Осреден настап на македонските каратисти на СП за јуниори во Мароко

На Светското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, што се одржа од 12 до 15 ноември 2009 г. во Рабат, Мароко, најуспешен беше репрезентативецот Мартин Петрески. Тој во категоријата кадети, кумите -70 кг., го освои петтото место
Мартин Петрески во прво коло го победи со резултат 3:2 на натпреварувач од Јужна Африка, второ коло победа над натпреварувач од Србија со 7:2, трето коло победа на натпреварувач од Америка со резултат 0:0, и судиско изјаснување за Мартин, четврто коло пораз од натпреварувач од Франција со 1:0. Репасаж и борба за трето место пораз од натпреварувачот од Мароко со резултат 0:0 и изјаснување на судиите за натпреварувачот од Мароко.Од другите преставници забележителен настап имаше Мартин Несторовски во категоријата јуниори -21 година, кумите +78 кг., кој во во прво коло го победил репрезентативецот на Словенија со 3:0, следно коло победа над натпреварувач од Словачка со резултат 3:2, потоа побeда со натпреварувач од Шпанија со 1:0, пораз од натпреварувач од Белорусија со 0:1. Несторовски немаше репасажни борби, бидејќи натпреварувачот од Белорусија не се пласира во финале.По две победи извојуваа Тодор Ристевски, категорија кумите -61кг., и Стефан Андов категорија јуниори до 21 година -78кг. Симона Заборска категорија кадет -47 к., Горан Василевски, категорија јуниори +76 кг., и Николче Мирчески категорија кадет -57кг., извојуваа само по една победа.Кадетите Бојан Јовановски -63кг., Теодора Бошкоска -54кг., јуниорите: Емил Павлов -55кг., Дејан Црничиќ -68кг., Берат Јакупи -76 кг., како и Дејан Ристевски, категорија јуниори -21 година, кумите -68кг., беа елиминирани во првото коло.На Светското првенство учествуваа 1.144 натпреварувачи од 82 земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познати се сите учесници во Лигата на шампионите – Ждрепката е во четврток

По последните квалификациски натпревари, познати се сите учесници на 71-то издание на Лигата на шампионите. Наградниот фонд за Лигата на шампионите оваа сезона е 3,317 милијарди евра.
Следната сезона 2025/26 ќе биде втора по ред во новиот формат со 36 екипи, при што секој од нив ќе игра најмалку осум натпревари.
Сите екипи ќе бидат поделени во четири шешири од по девет екипи, а ждрепката ќе се одржи во четврток во 18:00 часот во Монте Карло.
Прв шешир: Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, Ливерпул, Интер, Челзи, Борусија Дортмунд, Барселона
Втор шешир: Арсенал, Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Бенфика, Аталанта, Виљареал, Јувентус, Ајнтрахт, Клуб Бриж
Трет шешир: Тотенхем, ПСВ, Ајакс, Наполи, Спортинг Лисабон, Олимпијакос, Славија Прага, Боде/Глимт, Олимпик Марсеј
Четврти шешир: Копенхаген, Монако, Галатасарај, Унион Сен Жилоа, Карабаг, Атлетик Билбао, Њукасл, Пафос, Каират
Првото коло ќе се одигра на 16 и 17 септември, додека финалето е закажано за 30 мај во Будимпешта.
Спорт
(Видео) Клуб од Четвртата лига го елиминира Манчестер јунајтед од Лига купот

Членот на Лига 2 (четврти ранг на англискиот фудбал) Гримзби го елиминира Манчестер јунајтед во второто коло, во Лига купот. Гримзби, клуб основан пред 147 години, победи на пенали со 12:11. Натпреварот во регуларното време заврши 2:2 (2:0).
Дека на „Бландел Парк“ може да се случи една од најголемите сензации во историјата на англискиот фудбал, можеше да се насети во првото полувреме, кое Јунајтед од апсолутниот аутсајдер го загуби со 2:0.
Првиот гол го постигна Вернам во 22-та минута, а Ворен го дуплираше водството на Гримзби по половина час игра.
Манчестер јунајтед се врати во живот во последните 15 минути, со головите на Брајан Ембумо во 75-та и Хари Магваер во 89-та минута.
Бидејќи немаше победник во 90 минути се шутираа пенали. Таму се случуваше вистинска драма, се шутираа 13 серии, а трагичари беа играчите за кои Јунајтед летово издвои речиси 150 милиони евра.
Матеус Куња не успе да ја заврши работата во петтата серија кога резултатот беше 4:4, а Ембумо ја погоди гредата во 13 серија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Бенфика го испрати Мурињо во Лига Европа, Бриж ги растури Глазгов Ренџерс

Бенфика, Клуб Бриж и Копенхаген ја комплетираа листата на учесници во главнаѕа фаза, во Лигата на шампионите.
Во најпривлечнит натпревар, Бенфика со 1:0 го победи Фенербахче. Жозе Мурињо и втора сезона по ред не успева со Фенер да дојде до Лигата на шампионите. По 0:0 во Истанбул, Бенфика подобро влезе во реваншот, ВАР им поништи два гола, а во 35.минута Актуркоглу го постигна единствениот гол.
Најдобрата шанса за Фенер ја имаше Ен Несири во вториот дел кога ја погоди гредата.
Копенхаген со 2:0 забележа победа над Базел и со вкпни 3:1 се пласира во ЛШ. Двата гола беа постигнати во вториот дел. Корнелиус погоди веднаш на стартото од второто полувреме, а во 84.минута точка на мечот стави Мукоко.
Клуб Бриж со 6:0 го декласира Глазгов Рензерс и со вкупни 9:1 го мина плеј-офот. Гостите од осмата минута играа со играч помалку. Аронс доби црвен картон. Бриж во првиот дел постигна пет гола и уште еден во вториот.
Foto/ EPA/RODRIGO ANTUNES