Свет
Најмалку осум загинати во напад во ресторан во Багдад
Најмалку осум лица загинале а 21 е рането во експлозија на две бомби во ресторан во Багдад
Бомбите речиси истовремено експлодирале во шиитскиот источен дел од ирачкиот главен град. Едната бомба одекнала во ресторанот, а другата малку подоцна пред објектот, соопштила полицијата, која верува дека бомбите биле намерно поставени да предизвикаат што е можно повече жртви.Самоубиствените напади во Ирак во последно време се насочени кон шиитското, туркменското и шабакшкото малцинство, при што од минатиот петок се убиени околу 120 луѓе. Во четвртокот во претоследниот од серијата напади врз малцинствата кој се случи во градот Синџар каде доминираат Јаздите кои говорат курдски јазик, кои главно го насилуваат овој ирачки регион близу границата со Сиријазгинаа 21 лице. И тогаш цел на нападот беше локал омилено место за излез на младите од градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Два медицински тима го оперирале словачкиот премиер пет часа: Фицо е во стабилна, но се уште во тешка состојба
Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но тој се уште е во тешка состојба, соопшти денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.
Фицо бил хоспитализиран, а два медицински тима го оперирале словачкиот премиер пет часа.
„Во моментов се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак.
Осомничениот е уапсен на местото на престрелката.
Министерот за внатрешни работи, Матус Сутај Естока, го опиша како политички мотивиран обид за атентат.
Свет
Девојка докторирала на Универзитетот во Аризона на 17-годишна возраст
Американската тинејџерка од Чикаго, Дороти Џин Тилман Сектер, докторирала на Универзитетот во Аризона минатата година на 17-годишна возраст, додека на факултет се запишала на десет години.
„Минатиот декември таа успешно ја одбрани својата докторска дисертација и стана најмладата личност со докторат во областа на интегрираното здравје во однесувањето на Универзитетот во Аризона“, изјави професорката Лесли Менсон за ABC.
Тилман, позната како „Генијалката Дороти“, е внука на поранешната градска советничка во Чикаго, Дороти Тилман.
Регион
Несреќа во Хрватска: Бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете
Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.
„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.
Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.
Загинаа дури четири лица.