Свет
Туск: Во понеделник би можеле да се разбудиме во поинаква Европа
Откако целиот викенд во Европската унија (ЕУ) преку низа состаноци ќе биде посветен на Грција, претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјавил дека „во понеделник би можеле да се разбудиме во поинаква Европа“, доколку не се постигне решение за грчката криза.
Грчката влада веќе побара помош од Европскиот стабилизациски механизам, постојаниот фонд, наменет за помош на земјите од еврозоната, а до четврток на полноќ од нејзе беше побарано да достави конкретна реформска програма.
По ова, таа реформска програма мора да биде анализирана од трите институции, кредитори на Грција – Европската централна банка, (ЕЦБ), Европската комисија (ЕК) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Туск изјавил дека пред некој ден имал и телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
„Разговарав со премиерот Ципрас. Се надевам дека ќе ги добиеме конкретните и сеопфатни предлози од Атина. Доколку тоа се случи, паралелно ќе ни треба и предлог од кредиторите. Реалистичниот предлог од Грција ќе мора да се поклопи со реалистичниот предлог на кредиторите за одржливоста на долгот. Дури тогаш ќе имаме добитна состојба за сите. Во спротивно, ќе имаме летаргична состојба, онаква каква што имаме последните пет месеци“, рекол Туск, наведувајќи дека во следните неколку дена ќе биде потребна добра волја, поради тоа што остана уште многу малку време за решавање на грчката криза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.
Свет
Тони Блер: Бомбардирањето на НАТО беше правилно, стојам со народот на Косово
Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во Приштина истакна дека „интервенцијата на НАТО пред 25 години била вистинската работа“ и дека „застанува со граѓаните на Косово“.
„Да се биде овде, буди длабоки емоции. Му честитам на народот на Косово за храброста и непоколебливата решителност да ја искористат за ослободување на земјата. Тогаш се уверив дека тоа е вистинската работа и денеска стојам со народот на Косово со убедување“, рече Блер на заедничката конференција со претседатката на Косово, Вјоса Османи.
Блер додаде дека очекува Косово во иднина да стане дел од Европската Унија.
„Овде се случуваат многу позитивни работи, кои се добри за целиот свет. Едвај го чекам денот кога Косово ќе го заземе своето место во европското семејство“, изјави Блер.