Свет
САД го презеде водството во трката за гас со Русија
Според извештаите на групацијата Блумберг, во текот на 2009, американското производство на природен гас се зголеми за 3.7 проценти на 624 билиони метри кубни, додека руското производство е опаднато за 12 проценти односно на 582 билиони кубни метри.
Според извештаите на групацијата Блумберг, во текот на 2009, американското производство на природен гас се зголеми за 3.7 проценти на 624 билиони метри кубни, додека руското производство е опаднато за 12 проценти односно на 582 билиони кубни метри.И покрај овие резултати, Русија сеуште е голем играч на пазарот на глобална енергија и се стреми да прерасне во глобална супер сила во оваа сфера. Оваа земја е најголемиот снабдувач на природен гас во Европската Унија и таа ги користи алатките на својата надворешна политика за да ги стави Европа и САД во послаба позиција. Стратегијата на Кремљ се стреми кон зголемување на зависноста од енергетските извори, со консолидирање на гасот и нафтата под Руска контрола, со потпишување на долгорочни договори со енергетските производители од Централна Азија, и со обезбедување на контрола на стратешките енергетски инфраструктури во Европа, Евроазија и Северна Африка. Стратегијата на Русија исто така инволвира и проширување на Газпром монополот за да се креира гасовен картел во ОПЕК стил и да се зголеми соработката со ОПЕК, пренесуваат американските медиуми. Русија во последните 20 години водеше во светот, и беше најголеми производител и извозник на нафта и гас, и таа сеуште обезбедува околу една четвртина од Европскиот пазар. Сепак, поради економската криза, Европските цени на гасот и потрошувачката опаднаа, и руското производство минатата година се намали за 8.7 проценти. Газпром го намали производството поради спорот со Украина. Во меѓувреме САД ја искористија оваа ситуација за да го зголеми своето производство на природен гас.Од друга страна, украинската фирма Нафтогаз вели дека навреме и комплетно (заклучно со јануари) ги исплатила сметките кои ги должи за рускиот природен гас. Доцнењето на украинските исплаќања во претходните години, предизвикаа гнев кај Москва и во јануари 2009 година, таа ги исклучи снабдувањата со гас цели три недели, што имаше директно влијание врз милиони луѓе во Европската Унија.„Ние комплетно исплативме се за 2.55 билиони метри кубни,“ изјави за украинските медиуми, претставникот на Нафтогаз, Валентин Землјански. Во почетокот на оваа недела, Министерот за горива и енергија на Украина, ја одреди сметката за исплаќање на 780 милиони долари.Според 10 годишниот договор помеѓу Нафтогаз и рускиот енергетски гигант, Газпром, Бившата советска република мора да плати за својот гасовен увоз, не подоцна од 7-ми во месецот, за да ја добие доставата на енергија.На крајот на 2009 година, Нафтогаз и Газпром се согласија Киев да направи увоз на 33.75 билиони кубни метри гас во 2010, во споредба со 33.51 во 2009. /крај/ро/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран жестоко и се закани на Америка: „Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
Иран има „многу изненадувања“ за секој непријател што ќе го нападне, рече министерот за одбрана Азиз Насирзаде.
Бригадниот генерал ги даде овие забелешки откако Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеци смртоносни немири.
„Ќе се браниме до последната капка крв, нашата одбрана ќе биде болна за Американците“
„Доколку овие закани се претворат во акција, ќе ја браниме земјата со сите наши сили и до последната капка крв, а нашата одбрана ќе биде болна за нив“, рече Насирзаде на состанок за безбедност, според Press TV.
Тој, исто така, ги предупреди земјите што даваат помош во секој напад врз Иран дека тие „ќе бидат легитимни цели“.
„Штетата предизвикана од 12-дневната војна на Израел против Иран во јуни е поправена, а капацитетот за воено производство е зголемен“, рече Насирзаде.
Закана за напад врз бази
Претходно денеска, иранскиот режим изјави дека, во случај на интервенција на САД, ќе ги нападне нивните бази.
Ирански функционер изјави за Ројтерс: „Техеран им кажа на регионалните држави, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во овие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побара од овие држави да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
Свет
(Видео) Иран заплени десетици „Старлинк“ антени
Иранските државни медиуми вчера објавија снимки на кои се гледаат десетици „Старлинк“ антени, наводно запленети од иранските разузнавачки служби.
Потврдено е дека запленетите предмети вклучуваат најмалку 60 мини сателитски антени на „Старлинк“, стотици 5G рутери од телекомуникациската компанија „Ду“ со седиште во Дубаи и друга неидентификувана опрема. Нема индикации дека „Старлинк“ или „Ду“ дејствувале нелегално, а и двете компании се контактирани за коментар, објави „Скај њуз“.
Iran seizes LARGE cache of of Starlink equipment
It was seized on Jan 13 at the border coming in from 'neighboring country' in the region
It included receivers, signal boosters, modems, and next-gen mobile phones
(@IntelRepublic Telegram) pic.twitter.com/d4SlfT0AWZ
— Roberto Botella (@botella_roberto) January 14, 2026
Запленувањето се случува пет дена откако иранската влада го исклучи пристапот до интернет во поголемиот дел од земјата, а прекинот е веќе шести ден. Како одговор на тоа, Иранците се свртуваат кон „Старлинк“, кој се поврзува на интернет преку сателит, за да ги заобиколат ограничувањата.
Европа
Лавров: Америка го распарчува светот
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.
Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад.
„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, руски сојузник.
Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. „Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на овој начин“, предупреди Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.
Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.
„Би било корисно ако Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, истакна Лавров.

