Регион
Орбан најави подигнување ограда кон Хрватска

Унгарија ќе подигне ограда по должина на границата со Хрватска, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговорот за австрискиот дневен весник Die Presse.
„Ќе подигнеме ограда и на некои места на границата со Хрватска“, вели Орбан и додава дека е донесена одлука и за подигнување на ограда на границата со Романија.
Откако Унгарија во вторникот ја затвори својата граница кон Србија, на која изгради ограда висока до 4 метри и долга 175 километри за да ги спречи илегалните минувања на имигрантите и бегалците, тие се свртија кон Хрватска како рута на својот пат кон богатите западноевропски земји кои благонаклоно гледаат на нивното доаѓање, како Германија и Шведска.
„Тука станува многу гадно“, изјавил за агенцијата Hina Ахмад, 58-годишен трговец од Багдад кој дошол на официјалниот граничен премин кај Шид, но наскоро сфатил дека има повеќе шанси да влезе во ЕУ преку српската граница со Хрватска.
„Штом слушнавме за правецот преку Хрватска, не се двоумевме многу., Сакам да стигнам во Шведска за да се најдам таму со остатокот од семејството. Се надевам дека Хрватска со нас подобро ќе постапува“, додал Ахмад.
Откако Унгарија ја блокираше својата граница, мигрантите кои се раштркани по целиот Балкан сега бараат нови маршрути, можеби низ Хрватска и Романија, бидејќи и двете се членки на Европската унија, иако не се дел од Шенген зоната. Во Хрватска до средата навечер влегле речиси 900 мигранти.
Романскиот премиер Виктор Понта рече дека сето тоа го потсетува на „најмрачниот период од историјата на континентот“.
„Огради, кучиња, полиција и пушки, ова изгледа како Европа од 1930-те. И дали така го решивме проблемот на бегалците? Не, не го решивме. Подигнувањето на оградите значи префрлување на проблемот на Хрватска, Србија и Романија“, рече Понта./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.