Спорт
Винокуров сам влезе во целта во Ревел

13. етапа на Тур Д Франс долга 196 километри од Родез до Ревел му припадна сосема заслужено на Казахстанецот Александре Винокуров, член на тимот Астана.
13. етапа на Тур Д Франс долга 196 километри од Родез до Ревел му припадна сосема заслужено на Казахстанецот Александре Винокуров, член на тимот Астана. Тој на повеќе од 10 километри од целта на брдскиот дел од патеката направи предност од стотина метри и истата успеа да ја задржи и на рамниот спринтерски дел и сам влезе во целта со време од 4:26,26 со 13 секунди предност пред големата гупа на возачи меѓу кои и главните претенденти во генералниот пласман. Втор на целта пристигна Марк Кевендиш од Британија (член на тимот Колумбија), а подиумот го пополни уште еден сапринтер Антонио Петачи од Италија (Лампр – Фарнес).
Шпанецот Контадор (Астана) и Енди Шлек од Луксембург (Саксо банк) беа во групата од стотина возачи сите со 13 секунди зад победникот. Така по 13 етапа Шлек ја задржа жолтата маица и предноста од 13 секунди пред Контадор, а Санчез и понатаму е трет со повеќе од двеипол минути задоцнување.
Ленс Армстронг од РадиоШак ги загуби сите шанси, па сега тимот е насочен кон Леви Лефејмер кој доцни четири минути зад Шлек и ќе се обиде на Пиринеите да го загрози.
Зелената маица која ја носи најдобриот спринтер на неколкуте целни места за време на етапата, Петачи повторно ја врати откако Том Хусховд не беше во избеганата тројка од возачи во која беше Петачи.
Во екипна конкуренција во која се натпреваруваат по четири возачи од секоја екипа, а се сметаат времињата на тројцата најдобри, води РадиоШак со 21 секунда предност пред Сес Д Епарњ а трети се Рабобанк кои доцнат цели 16 минути и 13 секунди.
Денешната 14. етапа, етапа долга 184 километри од Ревел до Ски станицата Акс-3 Домејн има две екстремни искачувања, првото до Порт Д Пејлер, а второто пред самиот финиш. Ова е првата од четирите „казнени планински етапи“ на Пиринеите, во кои се очекува Контадор да го нападне носителот на жолтата маица Шлек и да се обиде повторно на победи на Тур Д Франс./крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финска како Македонија во 2011, ќе се бори за медал на Евробаскетот

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.
Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79).
Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија.
Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се очекуваше од нив, додека Финска играше во својот препознатлив ритам и заслужено славеше на крајот.
Финците во првиот дел го наполнија кошот на Грузија, постигнаа 57 поени, погодија 10 тројки од 15 обиди.
Во вториот дел Грузија успеа да фати приклучок, во последниот период влегоа со негатива од девет поени, се дболиѓија на на шест разлика, но тогаш Гога Битадзе направи неспортски фаул, беше исклучен бидејќи веќе имаше техничка. Од тој напад Финците постигнаа пет поени, а во следниот Литл погоди неверојатна тројка од осум метри.
Грузија повеќе немаше сили да се врати во мечот, а на три минути до крајот исклучен беше и Токо Пенгелија.
Финска ја предводеше Микаел Јантунен со 19 поени, Лаури Марканен додаде 17, а искусниот Сасу Салин 14, погоди четири тројки од шест обиди. Збирно Финците на овој меч погодија 17 тројки од 31 шут.
Кај Грузија се истакнаа Сандро Мамукелашвили со 22 поени, Токо Шегелија со 19. Разочара Американецот Болдвин, постигна два поени од линијата за слободни фрлања, од поле не погоди ниту еден од дветте шутеви.
Foto/ EPA
Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.