Спорт
Чиле ја забележа првата победа на Копа Америка
Во првото коло од групата Ц на фудбалското првенство на Копа Америка, на стадионот Дел Бицентенарио во Сан Хуан својата прва победа ја забележа Чиле во дуелот со Мексико со 2:1.
Во првото коло од групата Ц на фудбалското првенство на Копа Америка, на стадионот Дел Бицентенарио во Сан Хуан својата прва победа ја забележа Чиле во дуелот со Мексико со 2:1.Мексико на овој турнир дојде откако победи на Голд Купот, но без осуммина суспендирани репрезентативци поради аферата со донесување проститутки во своите соби. Тоа се одрази бидејки реновираниот тим на Мексиканците не можеше да се спротивстави на Чиле. Мексико на полувремето со голот на Нестор Арау во 40 минута водеше со 1:0. Но во второто полувреме најнапред израмни Естебан Передес во 66 минута, а победоносниот гол за Чиле го постигна Артуро Видал во 72 минута.Во истата група Уругвај и Перу одиграа 1:1. Уругвај во најсилен состав со Форлан, Кавани и Суарез не успеа да го победи десеткуваниот Перу без Фарфан, Пизаро, Рамирез… Перу поведе преку Паоло Гвереро во 23 минута, а во последната минута од првото полувреме израмни Луис Суарез поставувајки го конечниот резултат.крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ред Бул има најголем спонзорски договор во Формула 1
Ред Бул, потпиша најголем договор за рекламно спонзорство оваа сезона. Уште во 2022 година, Ред Бул се договори со американскиот технолошки гигант Оракл да стане главен спонзор на тимот. Оваа сезона, тимот ќе инкасира 110 милиони долари.
Договорот за спонзорство на Ферари со ХП е исто така многу блиску до ова сума, изнесува нешто над 100 милиони долари по сезона.
Ова се единствените два спонзорски договори во Формула 1 оваа година, вредни повеќе од 100 милиони долари.
Светските шампиони, тимот на Мекларен, се исто така меѓу првите три тима, со договор за спонзорство со Мастеркард, кој им носи 90 милиони долари годишно. Сепак, Мекларен објасни дека финансиската компанија е „спонзор за преименување“, а не само „главен спонзор“.
Другите два големи договори се за Ауди – 75 милиони долари по сезона од Револут, додека Астон Мартин добива иста сума од саудискиот нафтен гигант Арамко.
Според непотврдени информации, Мерцедес добива 80 милиони долари по сезона од својот долгогодишен партнер Петронас.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четири нови фудбалски правила на Светското првенство
На Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико во текот на летото, ќе се применат некои нови правила.
Според Би-Би-Си, на најголемата смотра на светскиот фудбал ќе се применат четири нови правила:
1. Заменетиот играч има 10 секунди да го напушти теренот. Доколку излегувањето трае подолго, фудбалерот што влегува ќе мора да почека најмалку една минута пред да влезе.
2. Доколку играчот добие медицинска помош на теренот, тој мора да го напушти теренот и да биде надвор од него една минута.
3. Доколку судијата процени дека тимот одолговлекува за време на аут или гол-аут, ќе почне да одбројува пет секунди. Доколку топката не се врати на време, во тој случај ќе му биде доделен аут или корнер на противничкиот тим.
4. ВАР ќе може да ја промени одлуката за втор жолт картон или корнер, доколку се утврди грешка.
Светското првенство е закажано од 11 јуни до 19 јули.
Foto/ depositphotos
Спорт
Алисон нема да го напушти Ливерпул
Алисон Бекер ќе го брани голот на Ливерпул и следната сезона.
Управата на клубот одлучи автоматски да ја активира клаузулата во договорот со која се продолжува престојот на бразилскиот голман за уште една година.
Ова беше направено на инсистирање на тренерот Арне Слот, кој е презадоволен од игрите на Алисон.
Јувентус беше заинтересиран за услугите на Алисон Бекер, кој дури и започна преговори со овој клуб, но сега е јасно челниците на „старата дама“ ќе мора да бараат друга опција.
Алисон стана член на Ливерпул во 2018 година, кога пристигна од Рома во трансфер вреден 72,5 милиони евра.
Foto/ depositphotos

