Свет
Тринаесет загинати во Пакистан при напад на беспилотно летало

Тринаесет лица се убиени во напад на американско беспилотно летало во племенските региониво зеверозападен Пакистан, потврдиле локални функционери
Нападот бил извршен врз куќа во селото Дамадола, 15 километри северно од градот Кара, центар на регионот Бајур.„Можам да потврдам деак 13 лица се убиени во нападот на леталото“, изјавил помошникот на шефот на локалната самоуправа, Мохамад Џамил. Тој додал дека сите загинати биле бунтовници, меѓу кои имало и тројца странски борци.Нападите на беспилотните летала на американската армија или на CIA во авганистан стаанаа оосбено чести во последните месеци. Од 2008 г, досега се изведени повеќе до 70 вакви напади во кои загинале повеќе од 600 лица во северозападен Пакситан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран ја критикуваше заедничката изјава на Г7

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи ја критикуваше групата Г7 за, како што рече, неуспехот да се справи со незаконската и бесрамна израелска агресија против Иран.
Во изјавата објавена на социјалната мрежа „Икс“, Багаи ја обвини Г7 дека ги игнорирала нападите, за кои Техеран тврди дека резултирале со цивилни жртви и оштетување на јавната инфраструктура.
Лидерите на Г7 вчера во заедничка изјава ја потврдија својата поддршка за правото на Израел на самоодбрана.
„Потврдуваме дека Израел има право да се брани… Иран е главниот извор на нестабилност и терор во регионот“, се вели во соопштението.
Групата повтори дека „Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје“ и повика на решение за иранската криза што придонесува за поширока деескалација, вклучително и прекин на огнот во Газа.
Багаи ги повика постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, особено оние во Г7, да ги исполнат своите законски и морални обврски според Повелбата на ОН.
„Израел започна неиспровоцирана агресивна војна против Иран“, рече Багаи, обвинувајќи го за кршење на членот 2(4) од Повелбата и меѓународните норми кои ги штитат нуклеарните постројки во време на мир.
Тој предупреди дека континуираната неактивност на Советот за безбедност може да го поткопа кредибилитетот на ОН и повика на итен прекин на непријателствата и одговорност за кршење на меѓународното право.
Свет
Маск ги објави резултатите од тестот на дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната мрежа „Икс“ ги објави резултатите од тестот на дрога.
„Лол“, напиша Маск споделувајќи фотографија од резултатите од тестот, на која се гледа дека тој не бил позитивен на ниеден од тестираните лекови.
„Њујорк тајмс“ неодамна објави дека Маск за време на минатогодишната изборна кампања зел значителни количини кетамин, „екстази“ и халуциногени печурки.
Маск, извршниот директор на „Икс“, „Тесла“ и „Спејс икс“, претходно јавно изјави дека користи мали дози кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно. „Њујорк тајмс“ ја базира својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе што го познаваат Маск или работеле со него.
„Волстрит џурнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дрога, вклучително и „амбиен“ за лекување проблеми со спиењето.
Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.