Економија
Градежниот сектор полека зема замав

Градежниот сектор во Македонија, кој и во услови на криза оствари раст, зема замав, побарувачката расте, но континуираниот проблем со наплатата останува ненадминат.Ова е констатацијата на дел од претставниците на градежниот сектор, кои учествуваат на Саемот за градежништво, градежни материјали и градежна механизација, што денеска беше отворен по осми пат на Скопски саем.Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, на отворањето на саемската манифестација изјави дека градежниот сектор, што со себе поврзува уште најмалку 20 други гранки за владата претставува една од најзначајните карики во економијата.Истакнувајќи ја континуираната поддршка што владата му ја дава на градежниот сектор, Пешевски го наброја намалувањето на ДДВ за станови од 18 на 5 отсто, големиот број градежни зафати финансирани од Владата и олеснувањето во голем број административни постапки. „Ќе продолжиме со чекори и во подобрување на даночната и административната сфера, но и ќе продолжиме со финансирање на сите оние проекти кои значат поттик за овој сектор“, рече Пешевски.Тој информираше дека градежниот сектор во 2009 година имал раст од 4,4 отсто, а во 2010 најверојатно ќе има раст над 10 отстоПретставникот на компанијата „Адинг“ Даниел Церков оцени дека градежниот сектор излегува од криза, изразувајќи надеж дека ќе има поголемо придвижување годинава.„Побарувачка има, но најголем проблем со кој се соочуваме е наплатата. Начинот како да ги наплатиме нашите производи и услуги. Не зборувам само за Македонија, туку за целиот регион и пазарите каде што сме присутни, рече Церков./крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.