Свет
Во бомбардирањата во Јемен – 11 загинати
Најмалку 11 цивили се убиени а повеќе од 30 се ранети во интензивното бомбардирање на јеменските безбедносни сили доцна синоќа врз неколку населби од југозападниот град Таиз и престолнината Сана’а.
Најмалку 11 цивили се убиени а повеќе од 30 се ранети во интензивното бомбардирање на јеменските безбедносни сили доцна синоќа врз неколку населби од југозападниот град Таиз и престолнината Сана’а.Доцна ноќта околу полноќ, елитните единици на Републиканската гарда на јеменскиот и специјалните полициски сили на режимот на претседател Али Абдула Салех нападнале четири населби во градот Таиз, каде како што јавува AFP загинале 7 лица а 22 биле ранети. Нападите продолжиле во текот на ноќта, изјавил за агенцијата медицински извор кој сакал да остане анонимен, велејќи дека стравува од одмазда на режимот. Жителите на Таиз апелирале на помош бидејќи не можеле да ги извлечат жртвите. Таиз е еден од главните центри на опозициското движење и народниот бунт во Јемен кој бара повлекување на режимот на претседателот Салех, а се наоѓа 270 километри југозападно од главниот град Сана’аПретходно ноќта во вторникот, јеменските безбедносни сили отвориле оган и врз областа на популарниот деловен кварт на главниот град на Јемен, при што загинале четворица цивили, од кои две се деца. Акцијата на полицијата била преземена откако во реонот познат како шопинг центар се собрале илјадници демонстранти кои повикувале на судење на претседателот Салех..Осиромашената земја во којашто истовремено режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари годинава е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бара оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста.Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку а една третина се бори со хроничен глад.Претседателот Салех кој во државата се врати пред една седмица и пет други високи функционери на Јемен се наоѓаа во Саудиска Арабија, каде што се лекуваат по нападот врз џамијата во комплексот на претседателската резиденција во Сана’а од 3-ти јуни. Тогаш врз Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил.Противниците Салех бараат негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 г. Претседателот Салех на 18-ти март објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Водечката опозициска организација во земјата „Револуционерна младина на Јемен“ го повика претседателот Салех да си поднесе оставка и апелираше на итно формирање преоден револуционерен совет, кој треба да ги преземе ингеренциите и да го подготви новиот устав на земјата. Повеќе од сто влијателни племенските и верските лидери во Јемен, исто така, повикаа на брзо спроведување на претседателските избори во земјата. Тиево јуни годинава издадоа писмена изјава, во која уште еднаш побараа оставка од претседателот Салех и избор на нов претседател во рок од 60 дена.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до раб на пропаст 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Но, Салех во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

