Спорт
Денвер и Чикаго стигнаа до 50 победи, Њујорк поразен од Бостон
Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, на нив по три победи забележаа домашните, односно гостинските екипи.
Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, на нив по три победи забележаа домашните, односно гостинските екипи. Бостон Селтикс во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк го добија дербито во Источната конференција. Њујорк имаше предност се до последната четвртина кога Бостон го засили ритамот и забележа победа од 96:86. Кевин Гарнет со 24 поени го предводеше Бостон до победата, додека Кармело Ентони со 22 поени беше најефикасен во редовите на Њујорк. Со овој пораз, четврти во серија, Њујорк има 50 отсто успешност во лигата, 35 победи и исто толку порази. Поранешниот тим на Кармело Ентони, Денвер Нагетс забележа убедлива победа во натпреварот против Торонто, 132:92. Денвер ја забележа 50-та победа сезонава, а најпрецизен беше Роуз со 18 кошеви. До 50-та победа во лигата стигна и екипата на Чикаго, Дерик Роуз со 18 поени ги предводеше Биковите до победата над Сакраменто од 123:90. Најдобриот тим во лигата, Сан Антонио, предводен од Ману Џинобили (28 поени) го совлада Мемфис со 111:96. Победата мина во сенка на повредата на Тим Данкан, крилниот центар го повреди скочниот зглоб и сигурно е дека од терените ќе отсуствува во следните неколку недели. Орландо го совлада најслабиот тим во лигата Кливленд со 97:86. Двајт Хауард беше доминантна фигура на натпреварот, зад своето име запиша 28 поени и 18 скокови. На крајот од натпреварот Хауард патиките со кои го одигра мечот му ги подари на едно момче од публиката. Индијана потешко од очекувањата го совлада Мемфис со 102:98, додека Мемфис триумфираше над Јута со 103:85. Кошаркарите на Мемфис во текот на целиот меч имаа дури 33 асистенции, што е сезонски рекорд, а дури седум играчи постигнаа десет и повеќе поени. Најпрецизен беше Зек рендолф со 19 поени и 13 скокови. крај/nba.com/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет
Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет.
За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На 57-годишна возраст, Шумахер не може да оди. Наместо тоа, тим медицински сестри и терапевти го водат низ неговата вила во инвалидска количка, дел од 24-часовен пакет за нега што чини десетици илјади фунти неделно.
Во согласност со желбата на неговата сопруга Корина, Шумахер не е виден во јавноста од несреќата на 29 декември 2013 година. Никогаш не се објавени негови фотографии во сериозна состојба, и покрај обидите да се продаде таков материјал на „темниот интернет“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гризман на принудна пауза
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го повреди бутниот мускул на левата нога за време на последниот тренинг. Според првите проценки, тој ќе паузира десет дена.
Шпанските медиуми објавија дека Гризман сигурно нема да игра во недела против Мајорка во Ла Лига и во среда против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, и дека е неизвесно дали ќе биде подготвен за следниот викенд и натпреварот против Леванте.
„Гризман направи магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата што ја здоби на тренингот во петокот. Французинот има мало истегнување на левиот бутен мускул, што го дијагностицира медицинскиот персонал на клубот. Неговото враќање на натпреварите ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.
Гризман (34) одигра 30 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 10 гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ѓоковиќ е во осминафиналето на АО, со мали проблеми го победи Ван Зандшулп
Новак Ѓоковиќ, по речиси три часа игра успеа да се пласира во осминафиналето на Австалија опен. 10-кратниот шампион во Мелбурн, 18-ти пат во кариерата ќе игра во осминафиналето на првиот гренд слем турнир во сезоната.
Новак Ѓоковиќ славеше победа над Ботик ван ден Зандшулп 3:0 (6:3, 6:4, 7:6). за Србинот ова е јубилејна 400-та победа на гренд слем турнирите.
Уникатен е во тој поглед, вклучувајќи го машкиот и женскиот тенис.
Меѓу неговите колеги, по него следуваат Роџер Федерер (369), Рафаел Надал (314), Џими Конорс (233), Андре Агаси (224).
400 – Novak Djokovic (400) is the first male or female player in the Open Era to claim 400 Singles match wins at Grand Slam events. Milestone. #AusOpen | @AustralianOpen @atptour pic.twitter.com/zfQNHVIGOc
— OptaAce (@OptaAce) January 24, 2026
Ѓоковиќ речиси перфектно одигра сет и половина. Го доби првиот, а во вториот со два брејка поведе со 3:0. Холанѓанеот не се предаде врати еден брејк, не успеа да го одбрани сетот, но го подготвеи теренот за она што ќе се случува во третиот сет.
Најголемиот преодозвоик досега на турнирто за Ѓоковиќ беше третиот сел. Ван Зандшулп прв направи брејк, Ѓоковиќ експресно возврати. Со помали или поголеми проблеми потоа двајцата ги добиваа своите сервис гемови.
Драма се случуваше во 11-от гем, кга Ѓоковиќ спаси две сет топки. На крајот релативно лесно го доби тај-брејкот.
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.
Foto/EPA

