Македонија
Солана: Македонија одлично се справува со економската криза
Визната либерализација, односите на Македонија со соседите, како и со земјите во регионот и што побрзо решавање на спорот со Грција биле главните теми на разговорите меѓу Премиерот Груевски и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана денеска во Скопје
“Среќен сум што се враќам овде со многу добри вести за вашата земја и за вас исто така. Прашањето за визната либерализација е многу важна работа, и се надевам дека ќе се реши многу брзо. Се надевам дека ќе добиете добри вести деновиве и тоа ќе им помогне на вашите луѓе особено на младите да патуваат низ земјите на Европа“, рече по средбата високиот претставник на ЕУ, Хавиер Солана. Тој додаде дека нема точен датум за преговори да соопшти при оваа посета, но донесе вести за “еден конструктивен дух на добра соработка и задоволство од начинот на кој се работи и начинот на кој се движи земјата“. Солана смета дека Македонија е важен играч во регионот, стабилна земја, од што произлегува обврската да учествува и да помогне во зацврстувањето на стабилноста во регионот. Тој изрази надеж за што поскора демаркацијата на границата кон Косово, и рече дека ќе даде се од себе сето да се одвива на побрз начин.“Разговаравме и за тоа дека Република Македонија е во завршна фаза во завршување на бенчмарковите, јас го информирав за нашите напори и за нашето залагање и уверување дека во наредниот период ќе направиме максимум што е во наша моќ да ги завршиме сите оние работи кои се очекува да ги завршиме. Дека Владата е целосно фокусирана на тоа и дека е успешен периодот“, рече премиерот Груевски.“Што се однесува до Охридскиот рамковен договор, премиерот ме увери дека се работи на тоа да се заврши, а и јас имам надеж да се заврши што побрзо“, рече Солана. Според неги, јасно е дека имплементацијата на некои од одредбите оди потешко, како пример ја спомна администрацијата и правичната застапеност, но се надева дека Македонија ќе продолжи по вистинскиот пат, а тоа, според него е патот кон ЕУ, на кој ќе не поддржуваСпоред Солана Македонија одлично се снаоѓа со економската криза и покрај тешкотиите кои таа ги носи со себе, Македонија, според Солана има се уште добри макроекономски бројки.“Кога го гледам начинот на којшто вие се справувате со него сметам дека тоа го правите на многу интелигентен начин. Имате бројки, кои се уште покажуваат раст. Тоа се макроекономски статистики и мислам дека можете да бидете задоволни од начинот на којшто се справувате со овие комплицирани времиња“ вели Солана.Според него, реформите мора да продолжат “бидејќи во моментот кога кризата ќе заврши, а ќе заврши многу брзо, ќе треба да бидете во можност да излезете како многу подобро ситуирани од претходно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.
Македонија
Трипуновски: Работиме на стабилен откуп и цена на суровото млеко
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговараше за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко.
На средбата се договори дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна на млекарниците.
Ќе се засилат контролите на пазарот со фокус на безбедноста и квалитетот на млекото и млечните производи, како и на добиточната храна.
Министерството останува посветено на унапредување на млекопроизводниот сектор и обезбедување на одржливи услови за фармерите и млекарниците, велат од таму.

