Контакт

Регион

Србија: Потврдена победата на СНС, изборниот праг го минаа уште шест партии и коалиции

Објавено пред

Коалицијата „Србија победува“ предводена од Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ е победник на предвремените парламентарни избори во Србија, а во Скупштината на Србија (парламентот) ќе влезат уше шест партии и коалиции, според најновите податоците што ги соопшти српската Републичка изборна комисија (РИК), објавени врз основа на 97,46 отсто од преброените гласови.

dobivaj vesti na viber

Според најновите прелиминарни резултати, во српскиот парламент, покрај СНС, влегува и коалицијата којашто ја води Социјалистичката партија на Србија (СПС-ЈС) на Ивица Дачиќ, Демократската партија (ДС) на Бојан Пајтиќ, Српската радикална партија (СРС) на Воислав Шешељ, Движењето Доста беше на Саша Радуновиќ, поранешен министер за економија во владата на Александар Вучиќ, тројната коалиција на партиите на Борис Тадиќ, Ненад Чанак и Чедомир Јовановиќ (Српска демократска партија СДС- Либерал-демократска партија ЛДП – Лига на социјалдемократите на Војводина ЛСВ), коалицијата ДСС-Двери на Санда Рашковиќ Илиќ и Бошко Обрадовиќ.

Врз основа на 97,46 отсто од обработениот материјал РИК на прес-конференцијата пренесувана на телевизиите објави дека СНС освоила 48,25 отсто од гласовите, а следуваат СПС-Јс со 11,91 отсто, СРС – 8,5, ДС – 6,05, Доста беше – 5,99, СДС-ЛДП-ЛСВ – 5,03 и ДСС-Двери со 5 отсто од гласовите.

Според оваа проекција, во 25-члениот српски парламент, СНС ќе има 131 пратеник, СПС-ЈС – 30, СРС – 21, по 16 мандати ќе имаат ДС и Доста беше, а по 13 ДСС-Двери и СДС-ЛДП-ЛСВ. Според овие резултати СВМ би имал 4 мандати, два мандата СДС на Санџак и Бошњачката демократска заедница на Санџак на Муамер Зукорлиќ, а по еден мандат ПДД и Зелената партија.

Според овие резултати, Вучиќ може да формира самостојно влада бидејќи има просто мнозинство од 250-те мандати. Некои аналитичари, пак, ја оставаат можноста во „фото финишот“ од пребројувањето на гласовите, двете парти кои се на работ од изборниот праг од 5 отсто, СДС-ЛСВ-ЛДП и ДСС-Двери да паднат под него и да не влезат во парламентот.

„Напредњаците и нивните партнери, според досегашниот збир од гласовите имаат комотно парламентарно мнозинство и предмет на тактичка и политичка процена е дали уште некого ќе придружат во коалицијата кога ќе ја формираат владата. Во секој случај, за тоа не им е неопходен нов коалициски партнер“, оцени за Радио-телевизија Србија (РТС), директорот на агенцијата IPSOS Strategic Marketing, Срѓан Богосављевиќ./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

(Видео) Протести во Тирана: експлозии пред влезот на собранието; молотови коктели врз полицајци

Објавено пред

Граѓаните повторно се собраа пред собранието на град Тирана, каде се одржа нов протест со барање за оставка од градоначалникот Ерион Велиај, јавува „Vox News“.

dobivaj vesti na viber

Тензиите се зголемија по говорите на претставници и активисти на опозицијата.

Овој протест, според написите, започна со факели и молотови коктели.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон влезот на градското собрание во Тирана, додека десетици полицајци стоеја пред нив.

Медиумот пренесува дека молотовите коктели не ги погодиле полицајците, туку експлодирале на влезните скали на Градското собрание.

Прикажи повеќе...

Регион

Притвор за малолетникот осомничен за убиството на братот на вицепремиерот на Босна и Херцеговина во Белград: ќе одговара за тешко убиство

Објавено пред

Судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на малолетникот Ф. Б. (16), кој е осомничен за тешкото убиство на Ѓорѓе Мијатовиќ (40), брат на Војин Мијатовиќ, министер во владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Неговиот притвор е одреден за да не влијае на сведоците и да не го повтори кривичното дело за краток временски период, објавија српските медиуми.

Денеска, се предаде и уште еден малолетник осомничен за убиството.

Двајцата се осомничени за кривично дело тешко убиство.

Српското МВР вчера соопшти дека припадниците на полицијата во Белград интензивно работат на пронаоѓање две лица, кои се осомничени дека претепале четириесетгодишен маж, кој починал на Ургентниот центар.

Како што е наведено, полицијата во неделата во 18.20 часот добила пријава дека две лица претепале четириесетгодишен маж во парк во Вождовац.

Прикажи повеќе...

Регион

Уапсен 16-годишник – осомничен дека го претепал до смрт братот на министерот во БиХ, се трага по уште еден тинејџер

Објавено пред

Идентификувани се двајца малолетници, кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ – братот на министерот на БиХ, Војин Мијатовиќ, во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен, пишува „Кликс“.

dobivaj vesti na viber

Малолетниот се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград, јавуваат белградските медиуми.

Како што беше потврдено, малолетниците се сомничат дека со неколку удари во главата го удриле Мијатовиќ, кој почина неколку часа подоцна.

Обдукцијата покажала дека Мијатовиќ претрпел шест удари и дека черепот му бил скршен. По тоа, добил епилептичен напад и срцев удар.

Интензивно се трага по второпријавениот, известуваат од полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија3 часа

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија4 часа

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија4 часа

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....

Македонија7 часа

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија7 часа

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ8 часа

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...

Македонија8 часа

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда...

Македонија8 часа

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување градежни земјени работи, пронајдени се 1.408...

Свет11 часа

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...

Македонија23 часа

На 30 јуни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе Одлука за распишување вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ на 30...

Македонија24 часа

Мицкоски на средба со евроамбасадорот Гир: злоупотребите со европското знаменце нема да се применуваат, потенцирана европската заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир....

Македонија1 ден

Гаши седнува во спикерското столче: поради кандидатурата за претседател на Собранието, поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива

На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм...

Македонија1 ден

Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија  

Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран...

Македонија1 ден

Демири на заминување го разреши и директорот на Кардиохиругија: Открив дека 170 пациенти не се внесени во „Мој термин“, за нив нема отпусни писма ни умреници

Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардиохирургија Марјан Шокаровски . Открил дека во Клиниката...

Топ1 ден

Автомобил падна во Крива река, загинаа возачот и сопатничката од Марино

Две лица загинаа вчера во сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, се работи за 75-годишниот Ж.Ј. и неговата сопатничка С.Ј....

Македонија1 ден

Експресниот пат Штип – Кочани нормализиран за сообраќај

Во 10 часот и 40 минути, сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е нормализиран за сообраќај, извести АМСМ. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Братот на убиениот пејач на пластичарската улица: Амар ќе биде погребан денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото...

Македонија1 ден

Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид...

Топ1 ден

Еден убиен, двајца повредени во пукање на т.н. пластичарска улица

Еден убиен и двајца ранети во пукањето кое синоќа околу полноќ се случи на булеварот Никола Карев, познат како пластичарска...