Свет
Владата на Тунис ќе плаќа компензации за жртвите, ќе го гони екс-претседателот
Тунис ќе им исплати компензација на семејствата на жртвите малтретирањето од избрканиот авторитарен претседател и ќе испрати свои претставници во другите арапски држави да го гонат, соопшти денеска премиерот Мухамед Гануши, пренесува РојтерсАнтивладините демонстрации продолжија и денеска, на почетокот на тридневната жалост за десетиците луѓе убиени во рушењето на екс-претседателот Зине ал-Абидин Бен Али. Привремената влада, која ја презема власта откако Бен Али избега во Саудиска Арабија минатата недела секојдневно се соочува со нови протести од демонстрантите, кои се бесни поради тоа што членови на старата влада ги задржаа своите министерски места.. Премиерот Гануши, во емотивно телевизиско интервју, се обиде да се дистанцира од Бен Али, тврдејќи дека и тој „живеел во страв како и сите Тунижани“. Тој, исто така, вети дека владата ќе им исплати компензации на семејствата на жртвите од владеењето на Бен Али и дека ќе испрати пратеници во сите арапски држави за да го гонат Бен Али.„Сигурни сме дека арапските лидери ќе застанат на страната на тунискиот народ, бидејќи она што се случи беше вистинска револуција, која не направи горди што сме Тунижани“, рече тој.Новата влада соопшти дека училиштата и универзитети во понеделник повторно ќе бидат отворени, како и дека спортските настани, кои исто така беа суспендирани во текот на немирите, наскоро ќе продолжат да се одржуваат. Владата понуди бланко амнестија на сите политички групи, вклучувајќи ја и забранетата исламистичка опозиција. Некои политички аналитичари тврдат дека умерените исламисти би можеле да привлечат повеќе приврзаници во ерата по заминувањето на бен Али, отколку што сакаат да признаат нивните секуларни ривали. Според владините информации, во неколкуте недели на насилни протести беа убиени најмалку 78 луѓе, додека ОН излезе со бројка од 100 загинати. /крај/ројтерс/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.
„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24. состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.
Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе во Белград, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм-профилот на 192.rs.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил““.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио нема право на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп, дури по среднорочните избори в година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, потоа ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на сегашноста и на работата на администрацијата.
Фото: принтскрин

