Македонија
Собранието ги усвои измените на Кривиниот законик

Пратениците во Собранието на Република Македонија ги усвоија измените на Кривичниот законик на 84 та седница, а со нив се предвидува поголема сигурност за граѓаните како и субјективизам во изрекување на кривичните санкции од страна на некои судии или судови.
Досегашната пракса, како и анализите и истражувањата на Министерството за правда и обвинителството покажале дека во Македонија во изрекувањето кривични санкции се забележуваат определени недоследности кои ги ставаат граѓаните во нееднаква положба пред законот.
Со измените се предвидува при изрекување на кривичните санкции граѓаните и компаниите да бидат еднакви пред законот.
Од нив произлегува и намалување на просторот за манипулација при одредени некоректни однесувања на некоја од странките што учествуваат во судската постапка.
До сега во судската пракса имаше полно случаи кога одредени судии или судови за едно исто дело за одредени субјекти носеле поблаги пресуди, а за други поостри.
Затоа со измените се дава правна основа за донесување Правилник за одмерување на казните, кој треба да го изработи судот, а да го донесе претседателот на Врховниот суд на Македонија, со учество и по обезбедено мислење од Јавниот обинител и од Адвокатската комора.
Забелешките на опозицијата беа дека со овие измени се дерогира воспоставениот правен систем и дека се негираат законите и уставот.
Опозиционерите побараа повлекување на измените и да се даде простор за дополнителни јавни расправи.
Собранието денеска во второ читање ги усвои измените и дополнувањата на законите за градење и за јавни набавки и за донации и спонзорства во јавните дејности.
Пратениците во прво читање го усвоија и Законот за електронски комуникации, кој, според министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, треба да обезбеди одржлива и ефикасна конкиренција на пазарот.
За утре предвидено е пратениците да ја продолжат 84 седница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.