Свет
Михаел Шумахер се враќа во Формула 1

Седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер во средата потврди дека потпишал едногодишен договор со тимот на Мерцедес.
Седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер во средата потврди дека потпишал едногодишен договор со тимот на Мерцедес.
Договорот на Шумахер со Мерцедес е вреден околу седум милиони евра. Вториот возач за тимот ќе биде Нико Розберг.
„Ова е ново поглавје во мојата тркачка кариера и се радувам што ќе соработувам со мојот стар пријател Рос Браун. Убеден сум дека заедно ќе бидеме инволвирани во борбата за шампионската титула следната година, и со нетрпение очекувам да се вратам на патеката“ изјави Шумахер на потпишувањето на договорот.
Шумахер, кој ќе наполни 41 година во јануари следната година, беше споменуван како замена на повредениот Фелипе Маса во тимот на Ферари, но тој договор не се оствари.
Поранешниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер официјално се пензионира од возење на болиди во 2006 година, а до враќањето на активно возење тој работеше како консултант на тимот Ферари. Шумахер, седумте шампионски титули ги освои во тимовите на Бенетон и Ферари./крај/ес/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но разговараше со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман за време на вчерашната посета на земјата.
Зеленски го опиша разговорот како „добар“ и изрази благодарност до саудискиот престолонаследник за неговиот „мудар поглед на глобалните настани и поддршката за Украина“.
„Особено е важно да се слушнат зборовите на доверба во иднината на Украина пред да ја напуштам Саудиска Арабија“, додаде украинскиот претседател.
Саудиска Арабија како посредник во војната меѓу Украина и Русија
Владата на Бин Салман игра посредничка улога меѓу Украина и Русија, а Зеленски ја истакна важноста на Саудиска Арабија во мировните напори:
„Саудиска Арабија обезбедува клучна платформа за дипломатија и ние го цениме тоа“.
Во пресрет на преговорите во Џеда, вчера со Бин Салман се сретна и американскиот државен секретар Марко Рубио.
Свет
Икс паѓаше одвреме-навреме вчера; Маск: Нападот е извршен од адреси во Украина

Корисниците на Икс вчера имаа проблеми со користење на социјалната мрежа. Сопственикот на Икс, Илон Маск, објави дека социјалната мрежа била погодена од „масовен сајбер напад“. Тој додаде дека нападот бил извршен „со многу ресурси“.
Тој посочи дека во нападот била вклучена или голема координирана група или држава или и двете. „Секојдневно нè напаѓаат, но тоа беше направено со многу ресурси. Или е вклучена голема, координирана група и/или држава. Го бараме изворот“, напиша тој на својата социјална мрежа.
Маск подоцна изјави за „Фокс Њуз“ дека IP адресите вклучени во сајбер нападот се лоцирани „на територијата на Украина“. Во сега избришаната објава на Телеграм, хакерската група наречена Dark Storm Team ја презеде одговорноста за нападот.
Европа
(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на руската престолнина, додека воздухопловните власти соопштија дека ги прекинале летовите на двата аеродроми кои го опслужуваат градот.
Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека беспилотните летала биле соборени над областите Раменское и Домодедово во московскиот регион. И двете области се наоѓаат на околу 40 до 50 километри јужно и југоисточно од Кремљ.
„Според прелиминарните информации, нема штета или повредени“, рече Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм.
Рускиот авијациски регулатор соопшти дека летовите на аеродромите Жуково и Домодедово се суспендирани поради загриженост за безбедноста на воздухот по извештаите за напади. Немаше коментари од Украина.
Киев честопати вели дека неговите напади во Русија се насочени кон уништување на инфраструктурата која е од клучно значење за севкупните воени напори на Москва и се одговор на континуираното руско бомбардирање на Украина од почетокот на војната пред три години.
Explosions and fire tonight across the Russian capital of Moscow, following a large-scale Ukrainian drone attack against the city. Damage has been reported to a number of high-rise apartment buildings and other locations, with Russian authorities claiming that air-defenses downed… pic.twitter.com/lwmQvG4wrK
— OSINTdefender (@sentdefender) March 11, 2025
Сепак, според снимките кои утринава се шират на Икс, во градот може да се забележат серија експлозии. Иако не е потврдено дека тоа е Москва, не би било првпат официјална Русија целосно да демантира какви било напади, додека во реалноста ситуацијата е многу поинаква.