Македонија
Разбојници украле 15.000 евра од вработен во менувачница
Според нивните информации, разбојниците го нападнале вработениот во менувачницата „МС“ во Чаир додека тој одел на работа. Го удриле со метална прачка по главата и му нанеле расекотина.
Четворица разбојници вчераутро нападнале вработен во менувачница и му украле 15.000 евра, соопштуваат од МВР.Според нивните информации, разбојниците го нападнале вработениот во менувачницата „МС“ во Драчево додека тој одел на работа. Го удриле со метална прачка по главата и му нанеле расекотина. Разбојниците ја украле торбата што ја носел вработениот во која имало 15.000 евра.Крадците избегале, а полицијата работи на расчистување на грабежот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Мицкоски и Ѓорѓиевски помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови поворки
Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски и нашите семејства сме помагатели на овогодинешните најголеми Бадникови Поворки! Се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
„Ова е најголемата радост за нас, православните Христијани!Малите златни ангелчиња од цело Скопје во огромен број пеејќи ја ,,Вечниот Бог” го најавија раѓањето на нашиот Бог Исус Христос а ние, како домаќини и како што доликува на нашата вековна традиција – ги дарувавме со коледарски пакетчиња. Она што ме прави исклучително горд е што Македонија е повторно горда и повторно живее во духот на вистинските вредности, одбележувајќи го највеличествениот Бадник во регионот.
Македонија почива на тие вредности, опстојува почитувајќи ја верата и традицијата. Затоа ние ја продолжуваме! Дефинитивно ова се најрадосните денови кога сите сме сплотени како народ и меѓу нас има добра мисла и подадена рака.
Посакувам да трае во текот на целата година! Дечиња, ви благодарам за прекрасниот ден! Благодарам на сите кои придонесовте ова да изгледа толку прекрасно!
Ви благодарам што ја чувате традицијата и благодарам на вашите родители што ве водат по патот на вистинските вредности!Нека е за многу години овој голем празник, да си дочекаме уште многу вакви убави моменти. Бог нека дарува здравје и љубов на сите!
Честит Бадник“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Николоски: Ќе ги реконструираме граничните премини Дојран и Меџитлија, воведовме „one stop shop“ со Србија и Косово, работиме на брз проток на возила и патници на коридор 10
Коридорот 10 е коридор кој не може да биде заобиколен иако многумина сакаат да биде заобиколен. Јас од првиот ден зборувам за изградба на брза пруга, затоа што сакам да избегнам заобиколување на Македoнија и доколку ја изградиме може да генерираме огромни економски бенефити од истата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој потенцираше дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини.
„Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е “new single window” – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и на тој начин камионскиот превоз ќе се забрза и дополнително се воведува и зелена лента. Во однос на патничкиот превоз, веќе со Србија имаме “one stop shop” каде што на едно место се врши проверка на документи. Претходно беше нејавен но не функционираше, истото го договоривме и со Косово бидејќи и Косово е дел од коридор 10, а со Грција работиме на забрзување на граничниот премин Богородица и за многу крaтко време ќе работиме на реконструкција на граничните премини на Дојран и на Меџитлија со цел тие три гранични премини да се функционални. И друга работа значајна за коридор 10 д, е тоа што работиме на експресниот пат Градско Прилеп кој веќе е при крај, почнавме да градиме автопат Прилеп – Битола што значи дека и тој дел на јужно поврзување ќе се отвори“, истакна вицепремиерот Николоски.
Скопје
Герасимовски: Бадник е празник што обединува и поттикнува солидарност
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово присуствуваше на традиционалната прослава на Бадник во дворот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Настанот почна со делење на осветените бадникови гранчиња на влезовите од храмот, како симбол на празникот и духовната сплотеност.
„Бадник е повеќе од празник, тоа е ден што нè потсетува на вредностите на семејството, заедништвото и љубовта. Ви посакувам празничните денови да ви бидат исполнети со радост, мир и благосостојба. Да го споделиме духот на солидарноста и да покажеме грижа за оние на кои им е најпотребна“, истакна Герасимовски во обраќањето до граѓаните.
Тој воедно ја нагласи важноста од зачувување на традицијата, како темел на единството и меѓусебната почит, особено за младите генерации.
Во духот на православието, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, ја освети бадникарската погача, а празнични честитики до присутните упатија овогодинешниот кум, Радомир Макеларски, и здравичарот Атанас Петров.