Македонија
Апелација потврди пресуда за Бајруш Сејдиу

Апелациониот суд ја потврди петгодишната затворска казна за тобако босот Бајруш Сејдиу.
Апелациониот суд ја потврди петгодишната затворска казна за тобако босот Бајруш Сејдиу.
Пресудата е за случајот „Пепел“ во кој им се судеше на вкупно 32- ца обвинети во криминалот со фалсификување на цигари, неплаќање акцизи и злосторничко здружување. Неколкумина додека беа во притвор ја отслужија и казната. Со првостепената пресуда само зетот на Бајруш беше ослободен од обвинението.
Станува збор за криминална организација со јасна структура и хиерархија, констатираше судот кога ја соопшти пресудата. Осудените ја оштетиле државата за околу 6.5 милиони евра, пари кои треба да ги вратат, во спротивно ќе им биде конфискуван имот. Државата во име на дневни глоби од осудените ќе инкасира и 100.000 евра.
Веднаш по апсењето на групата беа откриени над 20 тони цигари, на разни локации. Најбогатиот кумановец Бајруш Сејдиу е сопственик на неколку фирми и фабрики, поседува мотел и фудбалски клуб. Има уште една пресуда за која Апелација ќе расправа, а тоа е 12 години затвор за криминални приватизации на четири кумановски фирми, перење пари и насилство. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне со слаба магла, а во текот на денот променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во вторник и среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Пообилни врнежи се очекуваат во северните делови од земјата. Потоа следува период на стабилно и потопло време.
Македонија
Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.529 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 268 оздравени пациенти од: Скопје – 160, Прилеп – 28, Куманово – 20, Крива Паланка – 14, Велес – 9, Тетово – 6, Битола, Кичево и Гевгелија – по 4, Кочани, Берово и Пробиштип – по 3, Гостивар и Богданци – по 2, Кавадарци, Свети Николе, Виница, Крушево, Кратово и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица. Починати се по тројца пациенти од Скопје (85г,70г,70г) двајца пациенти од Кавадарци (90г, 59г) и по еден пациент од Штип (47г), Велес (59г), Кочани (79г), Куманово (82г), и Охрид (68г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.
Македонија
Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче.
„Според мое стручно мислење од информациите кои ги има мислам дека состојбата е стабилна“, кажа Филипче.
Мицкоски вчера објави дека се лекува на Инфективната клиника.
„Пеколно тежок ден бил деветтиот најтешкиот, се борам со болеста, тешко дишам, а главата ми пука од температура, но имам јас енергија, мотив и волја и за борба со вас. Ова го пишувам од собата во инфективната клиника со сиот револт во себе што и направивте на Македонија. Има начин да се спасите од мене, да не се разбудам утре или денот потоа и тогаш можеби ќе ви биде полесно да пронајдете соодветен соговорник“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“