Свет
Опозицијата бара "стоп за фалсификатот", власта вели дека тоа е mанипулација

Различни партиски реакции околу денешните протести пред Владата и Собранието
Различни партиски реакции околу денешните протести пред Владата и Собранието
Опозиицијата и штабот на Костовски повикаа на масовност за изразување незадоволство
“Европа – сега. Стоп за фалсификатотти ќе биде мотото со кое здружената опозиција и независниот кандидат за скопски градоначалник Трифун Костовски ги организираат денешните мирни протести во Скопје.
За коалицијата на власт овој протест е само уште една манипулација на опозицијата, која на земјата, во овој момент, Ј е најмалку потребна.
Протестот или мирното дефилирање низ скопските улици ќе почне попладне, во 17 часот, од пред зградата на Владата и се планира да заврши пред македонското Собрание. Од протестот ќе биде објавена декларација и доставена до претседателот на Собранието и до премиерот. На мировниот протест не е планирано да има говорници, а организаторите се надеваат дека нема да дојде до никакви инциденти.
“Манифестацијата е со цел да го изразиме нашето незадоволство и незадоволството на граѓаните во врска со изборниот фалсификат во првиот круг од локалните избори и наедно е и предупредување до коалицијата на власт, која продолжува да го гази достоинството на граѓаните, да ја потценува критиката на меѓународната заедница и продолжува да создава сценарија за изборни измамиии, истакна вчера Маја Мухиќ, портпаролка на Изборниот штаб на Костовски. Ова незадоволство, според Мухиќ, ќе значи и повик до граѓаните в недела масовно да излезат на гласање во вториот круг од изборите за да не дозволат продолжување на фалсификатот. Таа потенцира дека тие како организатори на протестниот марш не сакаат нешто да излезе од контрола или да прават безредија.
“Одговорноста и поддршката на граѓаните се бара на одговорен начин, онаму каде што е местото. Со позитивна и промотивна кампања меѓу граѓаните. Бојкот, неучество на избори, т.н. протестни маршови и слични сценарија за манипулирање на граѓаните носат штета, пред сў, на државата во целина. На Македонија, особено во овој момент, тоа Ј е најмалку потребно. Потребен е разум доверба и почитување на законитееи, го објасни ставот на СДСМ Игор Ивановски, член на Претседателството. Според него, сега е потребно враќање на атмосефара во која политичките партии на достоинствен, културен и европски начин ќе се натпреваруваат за стекнување на довербата на граѓаните.
Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и штабот на Костовски ги повика граѓаните масовно да излезат на денешните протести. “Сите незадоволни од фалсификатот да го изразат своето незадоволство и нивниот јасен став, што ќе значи и покажување на силната волја за фер и демократски изборен резултат и порака дека в недела ќе имаме победа на демократијата, победа на волјата на граѓаните и вистинската европска ориентација на Македонијааи, рече Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Ѓорѓи Трендафилов, и ВМРО-Народна активно ќе учествува на мировните протести, иако не планираат, ниту некој од нив побарал, да се обратат на присутните.
Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, во името на коалицијата “Третиот патти, ја предупреди власта дека ќе Ј се случат масовни протести за оставка на Владата доколку се обидат повторно да ја фалсификуваат волјата на народот на гласањето в недела. Според него, денешниот протест ќе биде предупредувачки. “Сакаме да го предупредиме Бучковски, раководствата на СДСМ, ЛДП и на ДУИ да не подготвуваат контингенти за фалсификување на изборите во вториот круг, зашто ако се случи тоа, ќе има масовни протести и случувања на народот. Тоа ќе бидат антивладини протести. Ако Владата повторно вметнува ливчиња, ако изборните резултати се прекројуваат, тогаш одговорноста ќе ја сноси таааи, рече Трајанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Соочен со криза во Франција, Макрон мора брзо да назначи наследник на Бајру

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ќе ја прифати оставката на премиерот Франсоа Бајру откако неговата влада не ја доби довербата во парламентот, а францускиот лидер мора итно да најде наследник за да избегне нова политичка криза.
Вчера, Бајру претрпе пораз на гласањето за доверба во парламентот што самиот го свика, туркајќи ја Франција во нова неизвесност и оставајќи го Макрон со задачата да го пронајде својот седми премиер.
Кабинетот на францускиот претседател соопшти дека Макрон „го забележал“ исходот и дека ќе назначи нов премиер „во наредните денови“, со што ќе се стави крај на шпекулациите за предвремени избори.
Макрон утре ќе се сретне со Бајру за да ја прифати оставката на неговата влада. Точно кога би можел да биде именуван нов премиер останува нејасно, но извор близок до Макрон рече дека назначувањето е можно уште во вторник, а претседателското обраќање исто така не е исклучено.
Бајру ги изненади дури и своите сојузници со тоа што свика гласање за доверба за да се стави крај на долгогодишниот ќорсокак околу неговиот предлог за буџет за штедење, кој вклучуваше речиси 44 милијарди евра намалување на трошоците за намалување на долгот на Франција.
На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници гласаа против владата, додека само 194 ѝ дадоа доверба.
Макрон има неколку опции – ниту една од нив не е особено привлечна, објавува Би-би-си.
Тој би можел да назначи нов премиер, но наоѓањето кандидат кој нема веднаш да биде одбиен од една од главните парламентарни фракции нема да биде лесно. Минатата година, процесот траеше неколку недели. Бајру веројатно ќе остане на функцијата како технички премиер додека не се именува наследник.
Макрон би можел да распише и нови парламентарни избори. Тоа би го променило сегашниот баланс на моќ, но би можело да резултира со уште поубедлива победа за крајно десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен.
Друга опција е да се распишат претседателски избори на кои Макрон нема да може да се кандидира бидејќи неговиот втор мандат завршува во 2027 година. Некои парламентарни групи го повикаа да го направи тој потег, но тој постојано повторуваше дека нема да поднесе оставка.
Свет
Непал ја укина забраната за социјалните медиуми откако 19 лица загинаа во протестите

Владата на Непал ја укина забраната за социјалните медиуми што предизвика насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што загинаа најмалку 19 лица, објави Би-би-си Њуз.
Илјадници млади луѓе во понеделникот упаднаа во зградата на парламентот во главниот град Катманду, барајќи владата да ја укине забраната за 26 платформи, вклучувајќи ги Фејсбук и Јутјуб. Тие, исто така, повикаа на решителна борба против корупцијата што ја зафати земјата.
Одлуката за укинување на забраната беше донесена вчера за да се исполнат барањата на „Генерацијата З“, изјави министерот за комуникации и информации Притви Суба Гурунг. Повеќе од 100 лица беа повредени во протестите, кои се проширија и во други градови.
Платформите за социјални медиуми како Инстаграм имаат милиони корисници во Непал и се клучна алатка за забава, информации и бизнис. Владата ја оправда забраната, која беше воведена минатата недела, велејќи дека е за борба против лажните вести, говорот на омраза и онлајн измамите.
Но, младите луѓе што излегоа на улиците велат дека нивниот протест е и против авторитарниот став на владата. Многумина носеа транспаренти на кои пишуваше „доста е“ и „крај на корупцијата“. Некои демонстранти фрлаа и камења кон куќата на премиерот во неговиот роден град Дамак.
Една од демонстрантите, Сабана Будатоки, претходно изјави за Би-би-си дека забраната за социјални медиуми е само изговор за собирање.
„Наместо да се забранат социјалните медиуми, мислам дека фокусот на сите е на корупцијата“, објасни таа, додавајќи: „Ја сакаме нашата земја назад. Дојдовме да ја запреме корупцијата“.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Сириски медиуми: Израел продолжува со воздушните напади, загрозувајќи ја регионалната стабилност

Израел синоќа изврши воздушни напади на периферијата на централниот сириски град Хомс, крајбрежниот град Латакија и историскиот град Палмира, објавија сириските медиуми блиски до владата. Израел не ги коментираше нападите.
Сириското Министерство за надворешни работи ги осуди нападите како „јасно кршење на сирискиот суверенитет и закана за регионалната стабилност“ и рече дека тие се продолжение на серијата израелски напади на сириска територија.
Israeli air raids on air defense battalion & weapon warehouses in Shanshar, countryside of Homs, Syria. pic.twitter.com/3DGAXogZO5
— Mats Nilsson (@mazzenilsson) September 9, 2025
Сириските медиуми објавија снимки од нападите, но не известија за нивниот обем или последици.
Израел со години спроведува воздушни напади, уништувајќи значителен дел од воената инфраструктура на Сирија, а тие се интензивираа од почетокот на израелската војна во Газа. Израел и Сирија неодамна учествуваа во разговори со посредство на САД за деескалација на конфликтот во јужна Сирија.
фото: принтскрин