Македонија
Јанкуловска: Нема компромис со Велија Рамковски
По интервјуто на сопственикот на А1 телевизија , во кое ги повлече своите ставови околу нападот на Владата за тоа како биле префрлани пари за реклами, во јавноста проструи информација дека Рамковски се пазари со власта.Ваквите шпекулации енергично ги демантира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска . “Jас ќе ги отфрлам ваквите шпекулации. Во никој случај немаме намера ни да размислуваме во насока на прекинување на активностите на институциите. МВР на почетокот асистираше при вршење на службени дејствија на УЈП и финансиската полиција, но откако беа обезбедени документите за шест фирми со седиште на Перо Наков бб, се утврди дека постојат сериозни индиции дека се сторени злоупотреби во овие фирми”, рече Јанкуловска.Mинистерката потврди дека истрагата се работи интензивно, но поради обемноста на запленетата документација ќе треба време додека се објави дали ќе има и каква пријава ќе биде процесуирана.“Нити имаме намера, нити имаме право да размислуваме во насока на евентуален компромис бидејќи законите се еднакви за сите и мора да важат за сите и правилото дека некогаш постоеле институции, организации, фирми, поединци за кои законите поинаку важеле, не е правило по кое постапува оваа Влада .„Ние постапуваме неселективно и еднакво кон сите вклучително и оние на Перо Наков бб”, вели министерката Јанкуловска и додава дека од она што досега го има полицијата и институциите на располагање, има индиции дека се направени многу сериозни прекршувања на прописите. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

