Спорт
Челзи прегазен дома од Сандерленд!
Шампионот и водечкиот тим во англискиот фудбалски шампионат на домашен терен е поразен од Сандерленд со 0:3
Првпат сезонава се затресе мрежата на Челзи на неговиот „Стемфорд бриџ“, и тоа трипати. Стрелци за Сандерленд беа Недум Онуаоха во 45, Асамоа Гиан во 52 и Дени Велбек во 87 минута. . За инфериорноста на домаќините зборува доволно податокот што Сандерленд во овој меч имаше повеќе од поседот на топка – 53 отсто и повеќе директни шутови кон противничкиот гол 9 во рамките и 10 покрај голот, наспроти по 7 шутови во рамките на голот и надвор од страна на напаѓачите на Челзи. Лондонските „сини“ единствено беа подобри во корнерите, односни изведоа 6 удари од аголот, додека гостинот изведе само три. До овој меч Челзи во ова првенство имаше на домашен терен скор од шест мечеви со исто толку победи со гол-разлика од 17:0. Сандерленд, пак, минатите две сезони на гостувањата кај Челзи загуби со пет голови разлика – 0:5 и 2:7.Арсенал пак на гости го совлада Евертон со 2:1. Стрелци за лондонските „топчии“ беа Бакари Сања во 36. и Сес Фабрегас во 48. минута, додека домашните успеаја да го намалат поразот преку Тим Кејхил дури во 89. минута.Челзи останува на врвот од Премиершип со 28 бодови и не успеа да им побегне на упорните Арсенал кој сега има два бода помалку и Манчестер јунајтед кој среќно освои бод против Астон вила и сега има 25 бодови на третата позиција. .Четвртиот Манчестер сити има 22 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Не можеш да зборуваш за титулата ако не победуваш
Нов неуспех, овој пат дома против Брајтон, значително го оддалечи Манчестер Сити од борбата за титулата.
„Граѓаните“ одиграа нерешено во третиот натпревар по ред и доколку Арсенал вечерва победи ќе се оддалечи на осум бода од Сити.
„Ако не победувате, не можете да зборувате за титулата. Имавме одличен резултат против Нотингем Форест, а потоа одигравме три многу добри натпревари. Освен недостатокот на голови, не можам да ги обвинам момците за ништо“, рече Гвардиола.
Но, токму овој недостаток на голови, особено промашувањата на Ерлинг Халанд ги загрижува навивачите.
„Тие имаа моментум, играа многу добро. Но, во последните 15-20 минути имавме неверојатни шанси. Важно е како се справувате со тие шанси, а ние не го направивме тоа добро“.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Не ги знае правилата и како да го држи рекетот, а настапи на ИТФ турнир
Меѓународната тениска федерација (ИТФ) трпи остри критики поради скандалозен натпревар во женска конкуренција.
Снимки од професионален меч, на ИТФ турнирот во Најроби, кружат низ целиот свет. Евидентно е дека една од тенисерките прв пат во својот живот игра тениски меч.
1026-та светска тенисерка Лорена Шедел ја победи својата 21-годишна египетска соперничка Хајар Абделкадер со 6:0, 6:0.
Во текот на целиот натпревар, кој траеше само 37 минути, Египќанката освои само три поени.
What did I just watch? An ITF Tennis tournament in Nairobi, Kenya.
A player, Abdelkadar, who received a wildcard, didn’t seem to know how to play tennis — how to serve, from which side to serve — it looked like it was her first time on a court.
She won just 3 points and made 20… pic.twitter.com/rfEdkutq5I
— Hrach Khachatryan (@hrachoff) January 7, 2026
Абделкадер не само што имаше големи проблеми да ја префрли топката преку мрежата, туку судијата мораше во неколку наврати да ја потсети каде треба да стои за да го започне поенот.
Таа направи 20 двојни грешки на своите 24 сервис поени.
Три поени освои, откако нејзината соперничка направи две двојни грешки и една по неизнудена грешка.
LE DIERON UN WILD CARD EN EL ITF NAIROBI Y NO SABÍA AGARRAR UNA RAQUETA ‼️
Haja Abdelkader se presentó a jugar hoy un partido de Main Draw de un ITF sin saber ni las reglas del tenis.
Ella lo dio todo, pero no alcanzó.
Clavó más de 20 dobles faltas y no devolvió ni un saque. pic.twitter.com/L8BG3XlC9L— Solo Tenis Picks🇦🇷 / Apuestas Deportivas Free (@solotenispicks) January 7, 2026
Според нејзиниот ИТФ профил, ова беше првиот натпревар на Абделкадер во кариерата.
Тоа не е изненадување, но можеби изненадување е тоа што профилот вели дека 21-годишната игра тенис седум години.
Се верува дека на Египќанката некој и го „купил“ местото на турнирот, откако пред самиот почеток се откажа една тенисерка од Кенија.
Спорт
Јамал е најскапиот фудбалер на планетата
Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, вреди 343 милиони евра и е најскапиот фудбалер во светот, пред Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, објави Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).
Швајцарскиот завод за статистика има своја методологија за одредување цени. Јамал, 18-годишен европски шампион со Шпанија, е на чело на листата пред напаѓачот на Сити, Ерлинг Халанд, вреден 255 милиони евра, и асот на Реал, Килијан Мбапе, вреден 201 милион евра.
Листа на најскапи фудбалери според CIES:
1. Ламин Џамал (Барселона) – 343 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 255 милиони
3. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион
4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони
5. Микаел Олисе (Баерн) – 137 милиони
6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони
7. Дезире Деу (ПСЖ) – 135 милиони
8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион
9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони
10. Педри Гонзалез (Барселона) – 130 милиони
Foto/ depositphotos

