Контакт

Региони

Прекин на сообраќајот на повеќе патни правци

Објавено пред

 Поради одрони и поплави, повеќе патни правци во македонија се во прекин, соопштија од АМСМ.
 

dobivaj vesti na viber

 Поради одрони и поплави, повеќе патни правци во македонија се во прекин, соопштија од АМСМ.

 

Поради излевање на реката Брегалница, од 13 ч. превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село.

 

Имено, патниот правец Македонска Каменица-Кочани е во прекин поради одрон на камења и земја.

 

Магистралниот пат А-3, Делчево-Кочани е пренасочен  преку село Бигла поради поголеми одрони кај местото викано Драките.

 

Сообраќајот за сите сите видови моторни возила  на локалниот пат крстосница 20 ти км брана Мантово е непрооден поради излевање на реките.

 

Од крстосница за влез  во централното градско подрачје  на Штип сообраќајот е затворен за сите моторни возила.

 

Регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај. 

 

Сообраќајот на регионалниот пат кај местото викано Глобица атар на село Ратавица поради свлечување на брегот и на поголем дел од коловозот  во ширина сообраќајот е во прекин, локалниот пат село Ратавица  кон село Бунеш е во прекин поради поткопување на патот и рушење  на мостот на река Злетовица.

 

Сообраќајот е во прекин и на патниот правец село Горни Подлог-село Мојанци поради излевање на река Масалница и патниот правец према село Кучичино поради излевање на реката Брегалница.

 

Регионален пат Крушево-село Пуста Река не е прооден поради тоа што екипа на „Македонија пат“ не е помината. Чистењето на тој патен правец е во текот на денот.

Прекин на сообраќајот има на регионалниот патен правец село Мало Коњари-Кадино Село.

 

На патниот правец Прилеп-Кривогаштани на местто викано Бегова Ливада има премногу вода но не е во прекин.

 

Патен правец Прилеп-Крушево во близина на село Врбјани,кај мостовите, за лесни возила е во прекин, а исто и помеѓу селата Боротино и Обрашани и Кривогаштани.

 

Регионалниот патен правец село  Новаци- Рибарци-Гнеотино-Брод, како и патот од село Кременица до село  Гремијан се под вода и на истиот има поголеми оштетувања.

Мостот на реката во село  Гремијан е пред уривање./крај/со/бб

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија9 часа

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија9 часа

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија11 часа

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија12 часа

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија13 часа

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија13 часа

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....

Македонија14 часа

Царинaта спречи опасен шверц на илјадници лекови, против лице од Косово поднесена кривична пријава

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот...

Свет15 часа

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија15 часа

Судир за српскиот капитал: „Влен“ и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија16 часа

Од шумскиот пат кон езерото се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија17 часа

Антикорупциската брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во регистарот на возилата на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет17 часа

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не бил наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку, единствено,...

Свет18 часа

Што би значел пакт сличен на член 5 за Украина?

Безбедносните гаранции за Киев се клучно прашање во напорите да се прекинат борбите во текот на тековната руска инвазија врз...

Свет19 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп ќе ја води работната група за безбедносни гаранции за Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја води работната група која ќе изработи предлог за безбедносни гаранции за Украина, потврди...

Свет1 ден

Каја Калас: На Путин не може да му се верува

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја таргетира воената економија на Русија и...

Македонија1 ден

Поради пожарот кај Јасен, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Свет1 ден

Швајцарија му нуди имунитет на Путин ако дојде на мировна конференција

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај неговото обвинение во Меѓународниот кривичен суд, под услов...

Македонија1 ден

Скопје, Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево ќе ги поврзува модерна пруга – Владата почнува со подготвки, ЕУ поддржува со 5,3 милиони евра

Владата донесе одлука за започнување на подготовки за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на железничката линија од Скопје до Кичево...

Македонија1 ден

Одложени рочишта во Кривичниот суд поради неспроведување на притвореници – Утковски: Затворот има недостиг на возила и кадар

Во изминатите два дена, речиси сите насрочени рочишта во Основниот кривичен суд Скопје биле одложени, со навремена достава на покани...