Контакт

Свет

Над 145 жртви во поплавите во Папуа на Индонезија

Објавено пред

Во поплавите што од минатата седмица ја зафатија најисточната индонезиска провинција Папуа загинаа најмалку 145 луѓе а евакуирани се повеќе од 4.600.

dobivaj vesti na viber

Во поплавите што од минатата седмица ја зафатија најисточната индонезиска провинција Папуа загинаа најмалку 145 луѓе а евакуирани се повеќе од 4.600. Лошата инфраструктура, планинскиот терен и постојаните дождови ги отежнуваат напорите за доставување помош и спасувачките операции, пренесува Ројтерс повикувајќи се на официјални извори Во делови од поплавената област Васиор, во западниот дел на Папуа, поплавени се и урнати важни мостови а блокирани се магистрални патишта, прекинат е доводот на електрична енергија а здравствените центри не работат, бидејќи се поплавени од кал, се вели во соопштението на Црвениот крст.„Инфраструктурата во регионот се распадна, и регионот се наоѓа во многу  лоша ситуација“, рекол Ахмад Џаелани, од службата за управување со природни непогоди и  претставник на индонезиски Црвениот крст. Хуманитарната помош, како што се храната и водата, како и медицинските екипи се доставуваат главно од хеликоптери и чамци.Работата на спасувачки екипи кои се во потрага по преживеани, е многу отежната заради повеќедневните дождови, изјавил Ла Абадин од индонезискиот Црвен крст и полумесечина за Ројтерс.До средата 4.625 лица биле евакуирани од поплавените област и се сместени во привремени сместувалишта. Поплавите почнаа во утринските часови на 4-ти октомври, кога многу луѓе се уште биле во своите домови. Нивото на водата како резултат на поројниот дожд се зголемила многу брзо за три метра.„Стотици домови се целосно оштетени при излевањето на реките од нивните корита, затрупувајќи ги жителите во наслаги од тиња, камења и тешки дрва кои брзо се движеле кон населените места“, се вели во писмениот брифинг на Светската здравствена организација од среда наутро.Според индонезискиот Црвен крст, повеќе од 800 луѓе биле повредени, а повеќе од сто се уште се водат за исчезнати. Владини официјални лица изјавиле дека бројката на загинатите најверојатно ќе се зголеми.Индонезиски официјални лица и шумарски експерти за агенцијата а потврдиле дека ги испитуваат тврдењата дека бесправната сеча на шумите придонела за катастрофалните поплави. Инаку Индонезија се бори за искоренување на раширената нелегална сеча на шумите, што ги влошуваат штетите предизвикани од поплавите. Конзерваторската групација Гриномикс (Greenomics) во понеделникот во нејзиното соопштение наведе дека „шумската мафија“ е делумно виновна за ваквата лоша состојба  од поплавите. /крај/ројтерс/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Израелски војници забележани во градот Газа

Објавено пред

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.

dobivaj vesti na viber

Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.

Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.

Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.

Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.

dobivaj vesti na viber

Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.

Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.

– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.

Прикажи повеќе...

Свет

Северна Кореја тестираше нови ракети

Објавено пред

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

dobivaj vesti na viber

Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.

Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.

Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија16 часа

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...

Економија16 часа

Македонија е големо градилиште, над 1.200 проекти во општините, велат Перински и Николоски

Во моментов целата Македонија е едно големо градилиште, а само во општините се реализираат повеќе од 1.200 активни проекти поддржани...

Свет17 часа

(Видео) Украинците тешко ранија руски генерал, Абачев изгуби рака и нога по нападот

Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет, јавува „Украинска...

Скопје19 часа

„4 години работа за тебе“: Скопските градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ја заокружија четиригодишната мисија

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе” свое обраќање на панел дискусијата имаа скопските градоначалници. Градоначалникот...

Македонија20 часа

Мицкоски најави промени: По изборите ќе има нови луѓе во партијата и реконструкција на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот отчет по повод четиригодишната работа на градоначалниците, порача дека веднаш по локалните избори...

Македонија22 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и...

Македонија22 часа

Мицкоски на саемот „Четири години работа за тебе“: Делата, а не зборовите ја покажуваат вредноста

На денешниот настан „Саем-Отчет“ под мотото „4 години работа за тебе“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање пред...

Топ23 часа

Крвава драма во Битола: Со нож го повредил братот на поранешната сопруга, па ја нападна и неа

30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако со остар предмет нападнал млад битолчанец и ја претепал својата поранешна...

Македонија24 часа

Алиу вети транспарентност, граѓаните ќе знаат кој го помага македонското здравство

Министерството за здравство воведе нов електронски модул за транспарентен преглед на донациите во здравството, со кој јавноста ќе може во...

Свет1 ден

(Видео) Телохранителите на Путин земаат сѐ, дури и урината и изметот на претседателот и го носат во Русија

Обезбедувањето на рускиот претседател Владимир Путин секогаш е предмет на големо внимание на социјалните медиуми од различни причини. Сега, тие...

Македонија1 ден

Попладне дожд и грмежи во западните делови

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладневните часови носат локален пороен дожд и ретки...

Свет2 дена

(Видео) Автобус со повеќе од 50 туристи излета од пат во САД, има загинати и повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи во американската држава Њујорк. Туристички автобус кој се враќал од Нијагарините водопади кон Њујорк излетал...

Свет2 дена

(Фото) Трамп: Путин сака да дојде на Светското првенство во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да присуствува на Светското првенство во фудбал...

Топ2 дена

Пронајден возачот кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Денеска во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од село Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот...

Европа2 дена

Лавров за средбата Зеленски-Путин: Зеленски рече „не“ на сè

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија прави сè што може за да спречи средба меѓу него и рускиот...

Македонија2 дена

Дојранското Езеро пак ќе се полни: со соларни панели Владата ќе ги намалува трошоците за струја од 2,5 милиона евра годишно на хидросистемот „Ѓавато“

По неколкугодишен прекин, Дојранското Езеро повторно ќе се полни со свежа вода преку хидросистемот „Ѓавато“. Премиерот Христијан Мицкоски денес од...

Топ2 дена

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го...

Македонија2 дена

Документацијата за Стоматолошката комора стигна во рацете на Обвинителството

Министерството за здравство соопшти дека целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите што вршеле надзор над работата на Стоматолошката...

Македонија2 дена

Поместени границите во ортопедската трансплантација – извршена најсложената трансплантација на коска на Клиниката за ортопедија

На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија...