Македонија
Наставнички незадоволен кадар најави бојкот

Наставничкиот незадоволен кадар од некои планински села во републикава најавија напуштање на СОНК, прекинување на наставниот процес и бојкот на изборите.
Револтирани од односот на СОНК и Владата на Република Македонија просветните планински работници ги повикуваат своите колеги масовно да го напуштаат СОНК, да не издвојуваат средства во синдикалната каса кои сигурно веќе се злоупотребени во договор со Владата на РМ и во четврток на 19 март да го прекинат наставниот процес како би ги оствариле своите права по однос на платите и би ја дале подршката на колегите кои веќе три месеци со позајмени пари патуваат по 50 километри за редовно да ја одржуваат наставата. Исто така наставниците од селата оддалечени повеќе од 20 километри од подрачните училишта на ден 19.03.2009 г. најавија дека нема да допатуваат до своите работни места, а ќе протестираат во просториите на централните основни училишта. Воедно во петок на 20.03.2009 г. ќе одржат пресконференција на која ќе ја побараат подршката од родителите на учениците, дури и од оние кои ги осудуваа за време на штрајкот на просветарите и ќе повикаат на бојкот на претстојните избори.„ Наставничкиот кадар кој брои над 250 наставници од одделенска и прадметна настава од планинските села на скопска Црна Гора, планинските села под Јакупица, Шар Планина и Китка иако целосно ја дадоа подршката на СОНК во организација на протестот на образованието останаа со прстот во уста. Имено веќе три месеци почнувајќи од јануари месец не им се исплатени трошоци за патување до работните места иако некои подрачни училишта од централните се оддалечени и над 50 километри. Исто така иако според одлуките на Владата на РМ и законот за исплата на плати платите на вработените во образованието не се исплаќаат во законскиот рок до 15 во месецот туку после 25 до 30 во месецот.”, стои во соопштението од одборот на наставници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.