Европа
По Brexit, англискиот повеќе нема да биде официјален јазик на ЕУ

Поради тоа што освен Велика Британија ниедна друга земја во Европската унија (ЕУ) го нема англискиот јазик како официјален, тој би можел да го изгуби статусот како официјален јазик на Унијата, предупредила Данута Хубнер, шеф на комитетот за уставни прашања при Европскиот парламент (ЕП), пишува Politico.
Англискиот е еден од 24-те официјални јазици на ЕУ, бидејќи Британија го има избрано како свој официјален јазик, изјавила Хубнер. Но штом Британија го заврши процесот на излегувањето од ЕУ, англискиот јазик би можел да го загуби својот статус.
„Имаме правило што предвидува секоја земја да избере еден официјален јазик. Ирските го имаат избрано галскиот, Малтежаните го избраа малтешкиот јазик, така што само Велика Британија го има избрано англискиот јазик. Ако ја немаме Велика Британија, тогаш го немаме ни англискиот“, рекла Хубнер.
Таа додала дека англискиот е еден од работните јазици во европските институции, односно тоа е доминантниот јазик и јазик кој највеќе се користи од страна на административците при ЕУ. Доколку ЕУ сака да го задржи англискиот јазик како официјален, тогаш правилата на Унијата треба едногласно да се променат, рекла Хубнер.
Но извор од ЕУ додал дека и самите правила во однос на официјалните јазици се предмет на повеќе интерпретации. Правилото од 1958-та година кое се однесува на официјалните јазици на ЕУ, кое првично било напишано на француски, не определува јасно дали една земја членка, на пример Ирска или Малта, мора да име повеќе од еден официјален јазик, додал изворот. Интерпретациите на француската верзија укажуваат на тоа дека ова можеби е остварливо, додека пак англиската верзија го отфрла тоа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин