Спорт
Барселона старо-нов првак на Шпанија
Фудбалерите на Барселона на две кола до крајот на првенството ја одбранија титулата. До третата титула во низа Барса стигна по нерешениот дуел со Леванте, по кој на врвот на табелата има шест бодови позитива, и подобар меѓусебен скор, од Реал Мадрид.
Фудбалерите на Барселона на две кола до крајот на првенството ја одбранија титулата. До третата титула во низа Барса стигна по нерешениот дуел со Леванте, по кој на врвот на табелата има шест бодови позитива, и подобар меѓусебен скор, од Реал Мадрид. Барса на гостувањето кај Леванте поведе со голот на Кеита а конечниот резултат го постави Каиседо. Во 36-то коло значајни победи во борбата за опстанок во лигата остварија Реал Сосиедад и Осасуна во пресметките со Сарагоса, односно Севиља, додека Херкулес по нерешениот резултат со Мајорка се прости од прволигашкото друштво. Резултати:Леванте-Барселона 1:1Реал Сосиедад-Сарагоса 2:1Осасуна-Севиља 3:2Херкулес-Мајорка 2:2Еспањол-Валенсија 2:2Алемерија-Виљареал 0:0 крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рубен Аморим го пречкртал Кристијан Ериксен
Веднаш штом Рубен Аморим стана нов тренер на Манчестер јунајтед, јасно беше дека во јануарскиот рок ќе се обиде максимално да го прилагоди ростерот на сопствената визија што значи дека некои играчи ќе го напуштат клубот, особено оние на кои договорите им истекуваат на крајот од сезоната.
Германскиот инсајдер Флоријан Платенберг тврди Јунајтед нема да му понуди нов договор на Кристијан Ериксен, што значи дека во јануари ќе се обидат да го продадат за клубот да добие барем некаков вид компензација.
Аморим сака освежување на сите позиции во средниот ред , наводно го сака во тимот Даглас Луиз. Бразилецот е незадоволен во Јувентус, бидејќи не успева да се снајде во системот на Тијаго Мота.
Ериксен пристигна во Јунајтед летото 2022 година, една година откако доживеа срцев удар на ЕП, а во меѓувреме половина сезона ја мина во Брентфорд, каде му се врати на фудбалот.
Спорт
Даглас Луиз сака да се врати во Премиер лигата
Даглас Луиз не успева да се наметне во Јувентус. Клубот летово за неговиот трансфер на Астон Вила и плати 52 милиони евра, засега Бразилецот делува како промашена инвестиција.
Бразилецот забележа само девет настапи во сите натпреварувања, само два пати беше стартер, а на теренот мина скромни 312 минути.
Јуве го купи откако одигра изворедно минатата сезона и беше еден од најзаслужните за пласманот на Астон Вила во Лигата на шампионите. Минатата сезона кај Унаи Емери имаше учинок од 10 гола и исто толку асистенции.
Според медиумите, Бразилецот бил подготвен Јувентус и да се врати во Премиер лигата, но операцијата нема да биде едноставна.
Јувентус не сака да го пушти на позајмица, ниту да има голема загуба ако го продаде, поради што се поставува прашањето кој ќе плати 40+ милиони за неговиот трансфер.
Спорт
(Видео) Шок на „Монжуик“, Лас Палмас ја победи Барселона
Фудбалерите на Лас Палмас го шокираа лидерот Барселона, во 15.коло победија на „Монжуик“ со 2:1.
Барса подобро го отвори натпреварот, но долго време не успеваше да создаде сериозна шанса.
Во 22. минута натпреварот беше прекинат поради повреда на левиот бек на домашниот тим Алехандро Балде. Шпанецот беше во дуел со десниот бек на Лас Палмас, Вити Росада, пред да се пожали на болки и да го заврши учеството на натпреварот.
Избраниците на Ханси Флик продолжија со нападите и успеаја да ја затресат мрежата во 44. минута. Рафиња го матираше Силесен откако Холанѓанецот го одбрани ударот на Педри, но голот беше поништен поради офсајд.
Во судиското надополнување на првиот дел, Рафиња повторно се закани – шутираше по контранапад, но ја погоди гредата и на пауза остана без голови.
На стартот од вториот дел шанса доби добитникот на Ламин Јамал, првпат по повредата што ја заработи на натпреварот против Црвена звезда.
Четири минути подоцна Лас Палмас поведе. Хавиер Муњоз и Квиријан Родригез со молскавична комбинација му ја донесоа топката на Сандро Рамирез, кој го погоди спротивниот агол од голот на Пења.
Барселона беше подобриот противник во преостанатиот дел од натпреварот, изедначија по еден час игра, кога Рафиња од 20 метри упати неодбранлив удар.
Во 67. минута Лас Палмас повторно поведе, Муњоз „магична“ дијагонала до напаѓачот Фабио Силва, а поранешниот напаѓач на Порто и Вулверхемптон ја круниса со брилијантна реализација.
Барселона напаѓаше до крајот на мечот, но без успех. Лидерот го запиша третиот пораз во Примера. На последните три натпрвари Барселона освои само еден бод, пред овој пораз, загуби од Реал Сосиедад и одигра нерешено со Селта.