Свет
Царински и транспортни олеснувања за Џонсон Контролс
Премиерот Владо Бучковски објасни дека инвеститорот побарал тајност на условите во Меморандумот но најави дека има олеснување во делот на преквалификацијата и обука на кадарот кој ќе работи во Џонсон Контролс
И НОВИОТ ИНВЕСТИТОТ БАРА ТАЈНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Премиерот Владо Бучковски објасни дека инвеститорот побарал тајност на условите во Меморандумот но најави дека има олеснување во делот на преквалификацијата и обука на кадарот кој ќе работи во Џонсон Контролс, а ќе се користи и Законот за државна пом
Владата вчера потпишаа Меморандум за соработка, обврски и инвестирање со американската компанија Џонсон Контролс за изградба на капацитет за внатрешна автомобилска електроника во слободната економска зона Бунарџик. Под кои услови светскиот лидер во производство на делови за внатрешно опремување на автомобили влегува во Македонија, останува тајна затоа што така побарал инвеститорот. Премиерот Владо Бучковски, само откри дека ќе има олеснување во делот на преквалификацијата и обука на кадарот кој ќе работи во Џонсон Контролс, а ќе се користи и Законот за државна помош да се помогне вработувањето, како и олеснувања за транспортерите.
Неофицијално, Џонсон Контролс побарал ослободувањето од царина на суровините и репроматеријалите како и поедноставена царинска постапка, како и ослободување од патарини и други транспортни трошоци. Државата ќе учествува со помош од еден милион денари за преквалификација на кадри со средно и вишо образование. Инвестицијата треба да стартува на 5 септември, до кога Владата треба да ги подготви 6-те илјади квадратни метри во Бунарџик.
Генералниот менаџер за електроника и заменик претседател на Џонсон Контролс за Европа Томас Папцел најави дека компанијата планира да вработи 500 лица во производството кое првично ќе се пласира во Франција и ЕУ а подоцна и пошироко.
" Овој проект треба да биде пример од кој треба да учиме дека за успешен бизнис и за присуство на големи светски реномирани компании потребно е да се има лоби грипа и по некој нашинец, но во краен случај во бизнисот нема многу сентименталност туку треба да се биде конкурентен. Со овој проект Република Македонија ја покажа својата конкурентност и отвора можност да биде посакувана дестинација за инвестирање", изјави премиерот Владо Бучковски.
Лобисти за влез на оваа странска инвестиција беа македонските бизнисмени Ристо Гуштеров и поранешниот заменик потпретседател на Џонсон Контролс Богољуб Вељановиќ, кој најави дека во втората фаза се очекува производство на пластична опрема и елементи, а во третата, производство и склопување на различни финални производи. Пред Бордот на директори на Компанијата, меморандумот оди на одобрување на 22 мај. (А.С.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

