Спорт
Компјутерска прецизност на Пау Гасол
Пау Гасол беше компјутерски прецизен на дуелот Л.А. Лејкерс – Голден Стејт Вориорс 117:89. Шпанецот ги погоди сите 18 удари кон кошот , 10 од 10 за двојка и 8 од 8 од слободни фрлања. Непогрешливоста на Гасол придонесе овој меч Лејкерси да го одиграат без резултатска неизвесност. Гасол кон овој беспрекорен учинок придодаде и 9 скокови и 5 асистенции. Кон кошевите на Гасол треба да се споменат и 20-те кошеви на Коби Брајант како и дабл-дабл на Ламар Одом од 15 кошеви и 10 скокови. Во тимот на војниците Дорел Врајт беше најдобар со 16 поени.Регуларниот тек од мечот помеѓу Детроит и Вашингтон во Оубрн Хилс Палас во Детроит, заврши без победник 102:102. Во дополнителните пет минути на сцена стапи Ричард Хамилтон кој што постигна 12 од 15 вкупно кошеви колку што реализираа Пистонси за победа над волшебниците од 115:110..Хамилтон беше и најефикасен со 27 постигнати поени, а Чарли Вилануева веднаш до него со 25 поени. За екипата на Вашингтон не настапи поради повреда Џон Вол. Џавал Мекги имаше учинок од 20 кошеви и 16 скокови, а Џилберт Аренас 19 поени и рекордни за оваа сезона 16 асистенции за Детроит.Во Еир Канада центарот во Торонто Победата за Репторси од 102:101 ја обезбеди Амир Џонсон со слободни фрлања на 2,7 секунди до крајот. Андреа Барњани повторно беше најефикасен кај Репторси со 29 поени, Џонсон одработи 17 поени и 11 скокови. Нејт Робинсон даде 22 поена за Бостон кому ова му е прв пораз од Торонто по јануари 2008 година. Во Арко Арената во Сакраменто Кралевите загубија од Њу Орлеанс Хорнетс со 71:75. Стршлените со оваа победа имаат скор против Сакраменто од 11-1, што е НБА рекорд. Марко Белинели постигна 12 поени , а Крис Пол 9 поени и 14 асистенции за Њу Орлеанс. Донте Грин постигна 15 поени и 10 скокови за Сакраменто. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

