Контакт

Спорт

Милан се зацврсти на врвот во Серија А

Објавено пред

И по 12-то коло во калчолигата продолжи слободниот пад на актуелниот италијански и европски првак Интер. Екипата на Интер во чии редови целиот натпревар го одигра Горан Пандев, во Верона загуби од Киево.

Пандев против „летечките магариња“ одигра потпросечен натпревар, вклопувајќи се во лошата слика на Интер. Актуелниот првак на Италија го забележа вториот последовен пораз во првенството, во Серија А „црно-сините“ немаат победа веќе четири кола. Интер по 12 кола се наоѓа на шестото место со девет бодови помалку од градскиот ривал Милан.

Милан во мини дербито ја совлада минимално Фиорентина, Лацио и покрај ремито во Парма остана на второто место на табелата, на третата позиција по победата над Болоња се искачи Наполи. Јувентус ги освои сите три бода на „жешкиот“ терен во Џенова.

Колото во Серија А го обележа Џанпаоло Пацини, репрезентативецот на Италија ги постигна сите три гола за Сампдорија која во Лече забележа победа од 2:3.

Рома-Удинезе 2:0Милан-Фиорентина 1:0Џенова-Јувентус 0:2Бреша-Каљари 1:2Катанија-Бари 1:0Чезена-Палермо 1:2Киево-Интер 2:1Лече-Сампдорија 2:3Парма-Лацио 1:1Наполи-Болоња 4:1. крај/макфакс/н.ц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Манчестер јунајтед се повлекуваат од Супер лигата, Реал и Јуве остануваат лидери

Објавено пред

Манчестер јунајтед се дистанцирале од предлозите за европска Суперлига откако ФИФА и УЕФА излегоа со строги одговори на плановите за формирање на мега-лига за најбогатите европски клубови, јавуваат англиските медиуми.

Планот за лига од 15 тима од кои само 5 би се менувале со квалификации, ветува 310 милиони фунти за влез во лигата и профит од над 200 милиони фунти по сезона, и е предводен од Реал Мадрид, Јувентус и поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, а од Англија покрај Јунајтед би се приклучиле и Ливерпул, Арсенал, Челси, Манчестер сити и Тотенхем со посебни покани.

Според англиските медиуми, следните неколку недели ќе бидат клучни, бидејќи УЕФА ќе ги открие плановите за реформа на Лигата на шампиони од 2024, која би била Суперлига под друго име, но со клучна разлика дека клубовите ќе мора да се квалификуваат. Според овој план ќе има лига од 36 клуба која ќе ја замени групната фаза на ЛШ, а тимовите ќе играат „швајцарски систем“ против противници со различна сила, по што најдобрите 12 ќе се квалификуваат за осминафиналето, а другите ќе играат плејоф турнир.

По ова, Реал Мадрид и Јувентус ќе имаат избор да ги прифатат плановите на УЕФА или да се обидат да органзиираат свој турнир, со ризик да бидат исклучени од домашните лиги, а нивните фудбалери да не можат да играат на Европските и Светските првенства.

Прикажи повеќе...

Спорт

Фојц чекаше цела кариера, па го освои Кицбил двапати во еден викенд!

Објавено пред

Беат Фојц по вторпат триумфираше на спустот во Кицбил за само два дена, откако во неделната трка на славната патека Штрајф ги совлада Французинот Жоан Клареј и Австриецот Матијас Маер за фантастичен викенд во австриските Алпи.

33-годишниот Швајцарец претходно четири пати беше второпласиран во Кицбил, каде што се вози „кралот“ на спустовите, за сега два дена по првата победа во петокот да стигне до нов триумф. За разлика од петокот, кога беше сончево на Штрајф, организаторите имаа проблеми со облачното време и густата магла на стартот на патеката, предизвикувајќи 10-минутна пауза во која токму Фојц беше на стартната куќичка.

Ова е 12. победа во спуст од Светскиот куп за Фојц, со што се израмни со сонародникот Дидие Куш и Италијанецот Кристијан Гедина, а исто така беше и 38. подиум во спуст во СК, со што е израмнет на третото место на вечната листа.

За одбележување е и второто место на Клареј, кој стана најстариот освојувач на подиум во спуст во историјата со своите 40 години.

Супер-џи трката, која беше закажана за денеска ќе се оддржи утре наутро.

Прикажи повеќе...

Спорт

Јастремска е во карантин во Австралија, допинг-казната потврдена!

Објавено пред

Обидот на украинската тениска ѕвезда Дајана Јастремска да добие „кревање“ на нејзината допинг-суспензија пред Австралија опен беше одбиена од страна на Интернационалната тениска федерација (ИТФ).

Светската тенисерка број 29 беше суспендирана на почетокот на јануари поради позитивен тест на анаболичкиот стероид местеролон, но и покрај тоа реши да патува за Австралија, каде што е во карантин пред стартот на Австралија опен.

20-годишната Јастремска тврди дека не земала допинг-средства и дека се работи за „случај на контаминација“ со додатоци за исхрана. Таа сега може да оди пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но останува да се види дали ќе добие одговор пред стартот на Австралија опен на 8 февруари.

Јастремска позитивна на стероиди!

Прикажи повеќе...

Најново

Регион53 минути

Во Загреб почина 11-годишно дете кое имало коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион2 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет3 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион4 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет4 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион4 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет5 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион18 часа

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ19 часа

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет21 час

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ22 часа

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет22 часа

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија1 ден

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ1 ден

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ1 ден

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија1 ден

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет1 ден

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Економија1 ден

РКЕ предлага проширување на листата на граѓани кои ќе добиваат финансиска помош за сметките за струја

Стартува дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листата на ранливи потрошувачи со цел да се...

Регион1 ден

Црна Гора најави дека во земјата ќе пристигнат три различни вакцини

Граѓаните на Црна Гора ќе имаат можност да бираат помеѓу вакцините на „Фајзер / Бионтек“, кинеската „Синофарм“ и руската вакцина...

Досие