Македонија
Врховниот командант брифиран за борбената готовност на АРМ
Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов беше информиран за борбената готовност на АРМ на брифингот што се одржа во понеделникот во Домот на АРМ во Скопје.
На средбата присуствуваа претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Талат Џафери, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, претседателот на комисијата за одбрана и безбедност во Собранието Влатко Ѓорчев, командантите на потчинетите команди и единици и клучниот персонал од МО и ГШ на АРМ.
Врховен командант на Вооружените сили од страна на Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, беше информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2013 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на: персоналниот менаџмент, моралот, заштита на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, планирањето, врските и комуникациите, буџетирањето и цивилно-воената соработка.
„Моментално Генералштабот на АРМ изработува динамички план за повлекување на единиците од Авганистан и врши анализа за ангажирањето по 2014 година во Авганистан во смисла на начинот на ангажирање и избор на партнери со кои ќе учествуваат“, рече Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.
Тој изрази надеж дека ќе продолжи позитивниот тренд во измените на Законот за служба во АРМ сообразно на последната измена, која, како што рече, позитивно влијаеше на припадниците на Армијата и на нивниот животен стандард и морал.
Министерот за одбрана Талат Џафери истакна дека во 2014 година, АРМ ќе добие максимална поддршка за подигнување на борбената готовност.
Како главни приоритети, но и мерки кои во 2014 година ќе придонесат за понатамошно јакнење и подигнување на степенот на борбената готовност и моралот на припадниците на АРМ присутните ги издвоија редовната пополна на АРМ со персонал, продолжување со имплементацијата на новата структура на АРМ, прилагодување на обуката според актуелните безбедносни предизвици и барањата на НАТО, започнување на процесот на планирање за активно учество во пост-ИСАФ мисијата, реализација на планот за модернизација и поефективно финансирање на АРМ, продажба на неперспективната и стара опрема на АРМ, доделување на финансиски средства во буџетот на МО од продажба на имотот со кој располага МО, реализација на проектот ,,АРМ мој дом“, започнување со имплементација на Концептот за резервни сили и понатамошно подигнување на степенот на обученоста на припадниците на АРМ.
НГШ на АРМ побара да се отпочне со процесот на модернизација на АРМ, согласно Долгорочниот план за модернизација во одбраната, кој е усвоен во декември 2013 година од страна на Владата на Република Македонија. Тој исто така, побара и поголема одговорност и реално согледување во однос на одбраната и состојбата на АРМ од сите субјекти и институции во Република Македонија кои имаат надлежност согласно Уставот и законите./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.
Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.
Претседателката, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.
Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.
Претседателката го поздрави конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.
На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарно Собрание на Совет на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска, Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.

