Свет
Српската мафија на 8-мо, а албанската на 9-то место во светот
На топ-листата најсилни мафии на светот српската и албанската се најдоа на високите осмо и деветто место, објавија лондонски „Дејли њус“ и шпанскиот „Дијарио“
За да се најдат на оваа листа, мафиите треба да се организации на организиран криминал на териториите на повеќе земји и кои ширум светот се борат за монопол над илегални активности како трговија со дрога, оружје и слично.Руската мафија е на прво место, а има околу 500 илјади членови. Се смета дека оваа мафија конторлира 70 отсто од руското стопанство на чело со „кумовите“. Таа управува со ланците на проституција во Мароко и Гванго, кина, со трговијата со наркотици во Узбекистан и Таџикистан, со перење пари на Кипар и во Израел, кражба на автомобили, нуклеарен материјал, кражба на накит, избегнување даноци и друго во уште неколку земји од светот. Италијанската мафија е втора, а е најпозната во светот, со традиција од 19 век. Брои 4.000 членови со десетина фамилии, а има многу надворешни соработници. Делува на територија на САД, Франција, Германија, Белгија, Холандија и други. За влез во мафијата треба да се изврши убиство.Колумбиските картели се трети на листата, а постојат од средината на 60-тите години, кога првите трговци почнале да продаваат дрога на територија на САД. Картелите Меделин и Чарли станале водечки производители на кокаин во светот.
Кинеската Тријада е четврта на листата и се смета дека денеска во нивни раце е третина од светскиот пазар на хероин. Се занимаваат и со трговија со луѓе на територија на Европа и САД. Имаат околу 30.000 члнови.Јапонските јакузи се петти, со 110.000 членови во 2.500 фамилии. Формирани се пред 300 години, а се познаваат по тетоважите по цело тело и по кратко потшишаната коса. Членовите, исто така, немаат ни мал прст на левата рака што после првиот „прекршок“ се дава на „таткото“ (ојабун). Ги контролираат игрите на среќа, се занимаваат со контрола на проституцијата, порнографија, имиграција, дрога и друго.
Мексиканската мафија е шеста, формирана во американските затвори, а има 30 илјади членови во САД. Се занимаваат со криумчарење наркотици, оружје и проституција преку океанот. Најголемиот профит им е од илегални влезови во САД. Ел Пасо поради нив е прогласен за Мал Чикаго, од времето на Ал Капоне.Седма е израелската мафија која е надзор на проституцијата во многу земји, трговија со дрога, а имаат монопол за извоз на хашиш во европските земји и САД. Српската мафија е на осмо место, а делува на територија на Германија, САД, Италија, Велика Британија, Франција, скандинавските земји и други. Вклучена е во криумчарење дрога, рекет, платени убиства, надзор на коцкање. На листата на Интерпол се бараат 350 лица од Србија. Најпознати се по интелигентни кражби како од фимовите и по ликвидации без траги.Албанската мафија е на деветтото место, а се состои од голем број криминални банди на територија на Албанија. Активна е во САД и во западноевропските земји од 1980 година. Во Велика Британија се смета за една од најопасните. Се однесуваат според кодекс од правото на Албанија во 15 век. Тргува со дрога, бели робје, алкохол, проституција и друго.Јамајка е на десеттото место со својата мафија наречена Британски Јардис. Датира од 1950 година, а формирана е од емигранти од Јамајка во најсиромашните британски квартови. Трговијата со оружје, марихуана и кокаин се главните дејности, а познати се по брутални насилства и пресметки со британската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мелони: Не би поддржала американски напад врз Гренланд, но тие мора да бидат таму
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денеска изјави дека не верува оти Соединетите Американски Држави ќе употребат воена сила за анексија на Гренланд, предупредувајќи дека таков потег би имал тешки последици за НАТО.
На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони додаде дека постои потреба од „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и на Гренланд.
„И понатаму не верувам во хипотезата дека Соединетите Американски Држави би покренале воена акција за да ја преземат контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржала“, рече Мелони.
„Тоа не би било ни во интерес на САД“
„Верувам дека тоа не би било во ничиј интерес. Мислам дека тоа не би било ни во интерес на Соединетите Американски Држави, да бидам јасна“, додаде италијанската премиерка.
Операцијата на американската војска во која беше соборен лидерот на Венецуела повторно ја поттикна загриженоста околу американските намери кон Гренланд. Белата куќа во вторникот соопшти дека САД разгледуваат повеќе опции за преземање на Гренланд, меѓу кои и употреба на воена сила.
„На сите им е јасно дека тоа значително би влијаело врз НАТО“
Мелони, која важи за една од најблиските европски сојузнички на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека „на сите им е јасно“ оти секој американски потег поврзан со Гренланд би имал значително влијание врз НАТО. Таа додаде дека токму тоа е причината зошто не верува дека Вашингтон ќе ги реализира своите закани.
Сепак, истакна дека е важно НАТО да го засили своето присуство во арктичкиот регион, како и да ја разбере загриженоста на САД околу потребата од спречување на „прекумерно мешање на други актери кои би можеле да бидат и непријателски расположени“.
Свет
Писмо од Трамп до Орбан: поддршка пред изборите во Унгарија
Американскиот претседател Доналд Трамп му посакал многу среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, во писмо што Орбан го објави на својата „Фејсбук“ страница.
Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа на 7 ноември, каде што Трамп му одобрил на Орбан едногодишно изземање од американските санкции за руската енергија, со што бил спречен пораст на цените што сериозно би го погодил унгарското стопанство, изјави Орбан.
Во своето писмо, Трамп наведува дека храброто водство на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додава дека со нетрпение очекува продлабочување на соработката во областа на одбраната, енергетиката и илегалните миграции.
„Отсекогаш цврсто ги браневте принципите што ја прават Унгарија толку извонредно место – верата, семејството и суверенитетот“, напишал Трамп во писмото од 10 декември.
Свет
Половина Киев без греење по тешкиот напад; Кличко: Ако можете, напуштете го градот
Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000, моментално се без греење откако клучната инфраструктура на главниот град беше тешко оштетена во голем руски напад. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето, пишува Украинска Правда.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок досега за клучните инфраструктурни објекти на главниот град.
„Комуналните служби ги поврзаа социјалните објекти – особено болниците и породилиштата – на мобилни котларници. Заедно со енергетичарите работат на враќање на струјата и греењето во домовите на жителите на Киев“, рече Кличко.
In Kyiv and the region, the aftermath of the massive Russian strike is still being dealt with. All necessary services are deployed. Twenty residential buildings alone were damaged. Recovery operations after the strikes also continue in the Lviv region and other regions of our… pic.twitter.com/AMkwfKHOkC
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 9, 2026
„Градските служби работат во вонредни услови. За жал, за наредните денови се прогнозираат тешки временски услови“, додаде градоначалникот, упатувајќи апел до граѓаните.
„Исто така апелирам до жителите на главниот град кои имаат можност привремено да го напуштат градот и да заминат некаде каде што постојат алтернативни извори на струја и топлина, да го сторат тоа“, заклучи Кличко.
Нападот започнал во вечерните часови на 8 јануари, кога во Киев се слушнале експлозии предизвикани од руски напади со дронови. Во населбата Десњански, беспилотно летало погодило покрив на станбена зграда.
Потврдено е дека во рускиот напад врз Киев загинале четири лица. Поради оштетување на надземната мрежа и прекините во снабдувањето со електрична енергија во Киевската област, регистрирани се и доцнења во сообраќајот на дел од патничките возови. До утрото на 9 јануари, повеќе од 500.000 потрошувачи во градот Киев и околната област останале без електрична енергија.

