Контакт

Свет

Данскиот карикатурист вели дека напаѓачот бил осамен лудак

Објавено пред

Данскиот карикатурист чиј контроверзен цртеж на пророкот Мухамед ги разгневи муслиманите, вели дека полицијата неможе да го заштити од напаѓачите кои реагираат спонтано

Курт Вестергард за Асошиејтед прес изјавил дека верува дека е цел на муслиманските екстремисти поради тоа што стои зад својот цртеж и појаснува дека „не направил ништо погрешно“.Тој вели дека бил шокиран кога во петокот еден Сомалиец влегол вооружен во неговиот дом и се обидел да го убие.Вестергард денес и кажал на полицијата дека не може стопроцентно да го заштити од терористите кои реагираат спонтано и дека „не е дел од некаква конспирација“.Полицијата го застрела Сомалиецот во раката и коленото, а подоцна поднесе и обвинение за обид за убиство.Идентитетот Сомалиецот не се открива поради забрана од страна на судот во Данска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Словенечкиот министер Aлеш Хојс негативен на коронавирус

Објавено пред

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс објави дека извршил брз редовен тест за коронавирус и дека по втор пат бил негативен.

Хојс ги чекаше резултатите од вториот тест во самоизолација, поради што не се појави на прес-конференцијата на која требаше да ги објасни мерките за движење меѓу општините, пренесува порталот 24УР.

Претходно, Хојс на „Твитер“ објави дека е тестиран по втор пат и дека ги чека резултатите во самоизолација.

Хојс ги чекал резултатите од тестовите во самоизолација, за разлика од некои други членови на владата – министрите за надворешни работи и јавна администрација Анже Логар и Боштјан Коритник, кои работеле и оделе во приватни посети додека ги чекале резултатите од тестот.

Тие се правдаа со тоа што не добиле упатства од лекар да се изолираат, како и дека се тестирале поради контакт со потенцијално заразено лице.

Прикажи повеќе...

Свет

Сингапур суспендираше две вакцини против грип

Објавено пред

Сингапур ја прекина употребата на две од четирите вакцини против грип, откако починаа неколку лица кои ја примија во Јужна Кореја.

Со тоа Сингапур стана првата земја во светот што јавно објави прекинување на вакцината, пренесува „Ројтерс“.

Наведено е дека 48 лица починале во Јужна Кореја откако примиле вакцина против сезонски грип, но тие исто така најавија дека ќе продолжат со програмата за вакцинација бидејќи не е воспоставена директна врска помеѓу тие смртни случаи и вакцинацијата.

Никој не починал во Сингапур откако примил вакцина против грип, но суспензијата на вакцините од страна на SKYCellflu Quadrivalent и VaxigripTetra е воведена како претпазливост, соопшти сингапурското Министерство за здравство.

Првата вакцина се произведува во Јужна Кореја, втората е произведена од „Санофи Авентис“.

Другите две вакцини сè уште можат да се користат за вакцинација.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц: Пред нас се тешки месеци, но мора да издржиме до вакцината

Објавено пред

Канцеларот Себастијан Курц изјави денеска по повод националниот празник на Австрија дека граѓаните ќе мора да живеат со коронавирусот уште многу месеци.

Како што рече, тие мора да издржат сè додека вакцината не овозможи враќање во нормала.

Курц рече дека знае дека многумина се истоштени поради оваа криза и дека повеќе не сакаат да слушаат за коронавирусот.

„Сакам да ви кажам, како граѓанин, дека ве разбирам. Исто така, не сакам да носам маски, да трпам ограничувања и сакам да можеме да славиме свечености кога сакаме. Но, како шеф на владата, не е моја работа да го кажувам она што сакаат да го слушнат сите“, посочи тој.

Курц рече дека граѓаните на Австрија ќе мора да живеат со коронавирусот уште многу месеци.

„Ќе мора да издржиме сè додека вакцината не ни овозможи да се вратиме во нормала. Ако фрустрацијата и гневот се посилни, тогаш треба да запомниме дека оваа криза не е трајна и дека крајот е на повидок”, рече тој.

Канцеларот ги пофали сите институции на земјата, а особено армијата, за нивниот придонес во оваа голема криза.

„Последните месеци уште еднаш покажаа дека без функционална армија, кризата не може да се надмине. Опремувањето на армијата ќе остане приоритет на оваа влада “, истакна тој во своето обраќање на свечената церемонија на заклетва на регрутите на австриската армија на националниот празник.

Тој изрази уверување дека Австрија, со своето единство, како и во минатото, добро ќе ја помине оваа криза.

„Пред нас се уште тешки месеци и знам дека не е лесно за сите нас“, рече Курц и додаде дека сегашната криза е без сомнение еден од најтешките предизвици со кои се соочува општеството од Втората светска војна.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија58 минути

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 час

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 час

Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија2 часа

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет2 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ3 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија3 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион4 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија5 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа6 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ6 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет6 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија18 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет18 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија19 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија21 час

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион22 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион1 ден

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Досие