Свет
Јапонците живеат сè подолго, Јапонките се рекордерки во свет
Јапонците живеат сè подолго и очекуваниот животен век за жените во државата е 86,05 години, што воедно е светски рекорд
Јапонците живеат сè подолго и очекуваниот животен век за жените во државата е 86,05 години, што воедно е светски рекорд, а за мажите изнесува 79, 29 години.
Ова денеска го соопшти јапонското Министерство за здравство, повикувајќи се на статистички податоци за 2008 година.
Долговечноста на Јапонките се продолжила за 22 дена во однос на 2007 година, а за мажите 37 дена, додава Министерството.
Но, Јапонците сепак не се најдолговечни мажи на светот, затоа што првото место го држат Исланѓаните со просек од 79,4 години за 2007 година.
Благодарејќи на прехранбените навики, кои што се сметаат за здрави, како и високиот степен на хигиена, Јапонија е меѓу земјите во кои жителите имаат најдолг животен век.
Но, од друга страна над 20 отсто од Јапонците веќе се постари од 65 години, а тој процент би можел да се удвои до 2050./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета: „Лета 12 пати побрзо од звукот“
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледуваше успешното тестирање на новата суперсонична балистичка ракета со среден дострел, објави државната новинска агенција КЦНА, која сподели и видео од тестот.
Ракетата прелета околу 1.500 километри со брзина 12 пати поголема од брзината на звукот и достигна максимална височина од речиси 100 километри пред да слета токму на својата цел долж источниот брег, се вели во соопштението.
Footage aired by North Korean broadcaster KRT shows what the country says is a successful launch of a new intermediate-range hypersonic ballistic missile (IRBM) test. It comes just days before the US President-elect Donald Trump returns to office.#NorthKorea #US #Trump pic.twitter.com/vVwdOfGdlL
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) January 7, 2025
Во моторот на ракетата се користени нови композитни материјали од јаглеродни влакна, а проектилот може „ефикасно да навлезе во секоја густа одбранбена бариера и да му нанесе сериозен воен удар на непријателот“, нагласи КЦНА.
Свет
Протекоа 18+ снимки од чуварка и затвореник во Британија, судот и’ изрече затворска казна
Затворскa чуварка во Обединетото Кралство е осудена на 15 месеци затвор откако имал интимни односи со затвореник во ќелија, објави денеска германската новинска агенција „ДПА“.
Триесетгодишната Линда Де Соуса Абреу од Фулам, југозападен Лондон, беше обвинета откако видео од нејзиниот чин беше споделено на социјалните мрежи.
Откако полицајците биле известени за видеото снимено во затворот Вандсворт во јужен Лондон, била отворена полициска истрага.
Таа доби 15 месеци затвор.
Де Соуса Абреу, мајка на едно дете, беше уапсена и се изјасни за виновна за прекршување на службената должност.
Таа овој понеделник се појави пред истиот суд во сив костум и бела кошула, каде што беше осудена на 15 месеци затвор.
„Сте се впуштиле во сексуална активност со затвореник. Ова ја загрози вашата улога како службеничка и претставува прекршување на службената должност што ја поткопува дисциплината во затворот и го зголемува ризикот за вашите колеги“, ѝ рекол судијата Мартин Едмундс.
„Знаевте дека таквото однесување е забрането и со добра причина“, додаде тој.
Регион
Најмалку деца родени во Словенија од осамостојувањето
Во Словенија минатата година имало 16.735 раѓања, што е за 130 помалку од 2023 година, но и најмал број родени деца од независноста во 1991 година.
Ова е најниската стапка на наталитет во Словенија досега, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје. Проценетата бројка на живородени деца, вклучително и повеќекратна бременост, е околу 16.900.
Засега, податоците на Државниот институт за јавно здравје го потврдуваат продолжувањето на негативниот тренд на бројот на раѓања во Словенија.
Со исклучок на 2021 година, бројот на раѓања опаѓа од 2010 година. Институтот го наведува намалувањето на бројот на жени во репродуктивна возраст како главна последица од помалиот број раѓања. Истовремено, вкупниот наталитет останува релативно стабилен, иако е исто така во благ пад.
За споредба – во 1988 година во словенечките породилишта биле извршени 26.442 раѓања, според податоците на Државниот институт за јавно здравје. До 1999 година, бројката паднала на 17.310, за повторно да се зголеми на 22.002 до 2010 година. Бројот на раѓања, кој лани бил за 0,8 отсто помал во однос на претходната година, е намален во седум родилишта.
Од друга страна, бројот на раѓања најмногу се зголемил во Љубљана.
Имало 29 домашни породувања, што е за 25 помалку од 2023 година.