Спорт
Под лупа трансферот на Пандев во Интер
Првите луѓе на Интер, Риналдо Ѓелфи и Марко Бранка, како и агентот на Горан Пандев, Карло Палавичино се предадени на Дисциплинската комисија на Националниот федерален обвинител во врска со трансферот на македонскиот фудбалер од Лацио, јавува агенцијата Ansa
Со нив, исто така, е доставено обвинение за „нераѕурите“ заради директна и објективна одговорност.Агентот Карло Палавичино е обвинет дека „работел како посредник во име на лица за кои немал никакви овластувања“. Риналдо Ѓелфи и Марко Бранка, пак, за „водење преговори и потпишување професионален договор со агентот на играчот Горан Пандев, Палавичино, без да имаат дозвола“. Трансферот во Интер на Горан Пандев дојде под истрага од страна на Канцеларијата на Федералното обвинителство откако претседателот на Лацио, Клаудио Лотито презентирал некои документи кои се сметаат за доволни за да се отвори истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен нема намера да го напушти Ред Бул
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, во интервју за швајцарски „Блик“, изјави дека нема намера предвреме да се раздели со тимот на Ред Бул, со кој има договор до крајот на 2028 година.
Иднината на Холанѓанецот беше предмет на многу шпекулации во последните години, особено во првата половина од сезоната 2025. Се шпекулираше дека сака да го напушти Милтон Кејнс и дека би можел да се пресели во Мерцедес.
Сепак, Ферстапен на крајот не успеа да ја активира клаузулата за предвремено ослободување и ќе вози за Ред Бул во сезоната 2026.
„Сега имам 28 години и сум под договор со Ред Бул до крајот на 2028 година. Сакам да го одработам мојот договор. Во оваа фаза целосно ја исклучувам можноста за промена на тимот. Штета е што нема да го имам мојот пријател и ментор Хелмут Марко покрај мене во 2026 година“, рече Ферстапен.
Холанѓанецот изминатата сеозна ја заврши на второто место, зад шампионот Ландо Норис од Мекларен. Бртанецот ја прекина серијата од четири последователни титули на Холанѓанецот во шампионатото на Формула 1.
Foto/ depositphotos
Спорт
Франција лесно против Чешка, Шпанија ја победи Србија
Актуелниот европски првак Франција и Шпанија со победи го отворија 17-то Европско првенство во ракомет. Шпанија во А групата ја победи Србија со 29:27, а Франција во Ц групата убедливо славеше над Чешка со 42:28.
Шпанците од очетокот до крајот го контролираа натпреварот против Србија, кој го решија во првиот дел, кога Србите грешеаа во нападот и промашуваа зицери. Исто така, српските ракометари не се прилагодија на критериумот на судиите од Исланд.
Кај Шпанците се истакна Јан Тарафета со шест гола, Абел Сердио имаше четири, а Касадо, Душебаев, Фис и Гомес имаа по три. Најефикасен играч за Србија беше Урош Којадиновиќ со шест гола. Вања Илиќ постигна пет, исто колку и Дарко Ѓукиќ, а Урош Борзаш постигна четири.
Франција, против Чешка влезе како ачсолутен фаворит и таа улога во целост ја оправда. Прашањето на кончениот победник беше решено во раната фаза од натпреварот.
Ричардсон, Пранди и Наи ја предводеа Франција со по шест гола. Кај Чешка подобри од останатите беа Сола и Сироки со по пет гола.
Foto/ EPA
Спорт
Цимикас се враќа дома
Грчкиот репрезентативец, Костас Цимикас, кој зад себе има лоша полусезона во Рома, би можел да се врати во Олимпијакос по пет и пол години. Клубот од Пиреја прави сè за да се договори со Ливерпул, објави „Газета дело Спорт“.
По доаѓањето на Милош Керкез, во летниот преоден рок, Цимикас стана вишок во Ливерпул и клубот реши да го позајми во Рома. Гркот не успеа да се вклопи во системот на Џанпјеро Гасперини, поради што „волчицата“ ја прекина соработката со левот бек по само шест месеци.
Бидејќи за него нема место ниту во Ливерпул, тој ќе мора да бара нов клуб.
Олимпијакос веќе долго време има проблем токму на позицијата на која игра Цимикас и во клубот се надеваат дека токму тој би можел да им донесе стабилност на црвено-белите во овој дел од теренот.
Цимикас има договор со Ливерпул до летото следната година. Без оглед на тоа што деталите од евентуалниот договор не беа презентирани, сосема е сигурно дека Олимпијакос би побарал позајмица до крајот на сезоната со право на откуп на договорот.
Искусниот грчки фудбалер одигра само 14 натпревари за Рома оваа сезона.
Foto/

