Спорт
Непобедливиот Федерер експрес
Со вчерашната титула на Ролан Гарос Роџер Федерер влезе во екслузивното но, сепак мало друштво на великани кои имале чест и привилегија да ги освојат сите гренд слем титули во историјата на белиот спорт.
Тоа друштво на великани до сега го сочинуваа Дон Баџ, Фред Пери, Род Лавер, Рој Емерсон и Андре Агаси, а од вчера им се придружи можеби најдобриот тенисер на денешницата, брилијантниот швајцарец Роџер Федерер. Рафаел Надал можеби е помлад од Федерер, и го има тој почетен ентузијазам, сила и издржливост кои ги носи младоста, но Федерер го има искуството, мудроста која доаѓа со годините поминати на терените. Сепак, не е претерување кога дури и лаиците кои немаат големо познавање од тенисот ќе речат дека се кај швајцрецот е апсолутно брилијантно. Начинот на игра, неговиот професионализам, посветеноста, неговиот личен живот. -Многу сум среќен за тебе- изјави Агаси кога му го врачи пехарот а сите присутни во Парис, знаеја дека истото го мисли и неговиот ривал, Надал каде и да беше во тој миг. -Сега кога го освои Парис, тој си го зацврсти местото во историјата како најдобриот тенисер кој некогаш ја играл оваа игра- рече Сампрас со гордост како да се работи за него, за неговите постигнувања и успеси.Но, ако не му верувате на него, бројките никогаш не лажат.14 Гренд слем титули вкупно. 3 пати го освои Австралијан Опен, 5 пати Вимблдон, и 5 пати последователно УС опен. И се разбира Ролан Гарос. А за безбројните помали турнири и егзибициони мечеви не ни треба да се трошат зборови. Минатата година доби честа за која сонува секој спортист, тој беше знаменосецот кој гордо парадираше со швајцарското знаме на отварањето на Олимписките игри. На денот на својот роденден. А тој како одличен професионалец им се оддолжи на најдобриот можен начин. Го освои златниот медал во двојкино ,немаше сили за златото во сингл. Тој сеуште го држи рекордот за најдолго време последедователно поминато на врвот на АТП листата со 237 недели на самиот врв. Или поточно од 2004 до 2008 година. Но она што навистина фасцинира кај Федерер е неговата скромност, џентлментски манири кои му доликуваат само на великаните, и контролата на приватниот живот . Да бидеме искрени дали сте слушнале да прострујат гласини за секс скандал, неспортско однесување на терените, пијанчење надвор од нив, или пак тепачки со фановите? Серазбира дека не. Да, тој имаше мали проблеми со самоконтролата и бесот по секој загубен поен на почетокот на кариерата кој пак го истураше врз своите рекети, но тие моменти на ексцеси одамна се минато. И сега кога е среќно женет човек и иден татко( се шпекулира дека тој и неговата сопруга Мирка чекаат син) тој е можеби единствениот човек на светот кој може да рече дека има се. Што е следно на агендата на Федерер? Вимблдон се разбира. Минатата година таа титула му ја украде неговиот ривал Надал, во најдоброто Вимблдон финале на сите времиња. Во тој епски меч кој легендата Џон Мекенро го нарече : најдобриот меџ кој сум го гледал Надал стигна до првата Вимблдон титула во кариерата. Но Федерер експрес нема да запре тука. Следно на што ќе атакува е да си го врати првото место на АТП листата кое минатата година му го зема Надал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Буендија во 95-та минута му пресуди на лидерот Арсенал
Лидерот во Премиер лигата падна на „Вила Парк“ во Бирмнигме. Емелијано Буендија, во 95-та минута постигна гол за триумф на Астон Вила над Арсенал 2:1. Аргентинецот им го нанесе на „топџиите“ вториот пораз оваа сезона.
Вила ја имаше првата голема шанса, но Раја имаше фантастична одбрана по ударот на Оли Воткинс во десеттата минута.
Играта беше интензивна на двете страни, потоа Арсенал малку ја презеде иницијативата – голот на Езе беше оправдано поништен поради офсајд, Сако исто така се обиде да упати удар со глава, но топката заврши веднаш до стативата.
Потоа домашните повторно наметнаа свој ритам, а во 36-та минута го видовме најважниот момент од првото полувреме – долг вовед во акцијата, аут од левата страна, Тимбер не реагираше доволно добро и топката заврши на втората статива, а таму Мети Кеш се протна зад Езе и го донесе својот тим во водство.
Арсенал започна уште поагресивно во второто полувреме, а наградата дојде брзо, во 53-та минута, резервистот Леандро Тросар постигна гол. Играчите на Вила загубија топка на средината од теренот, следуваше молскавична контра, Сака во шеснаесетникот дијагонално уфрли, а со малку среќа топката заврши пред Тросар, на кого не му беше тешко да изедначи.
Тросар го постигна 50-от гол во Премиер лигата.
Во 65-та минута, Раја одбрани удар на Воткинс, а четири минути подоцна, Емилијано Мартинез ја исфрли топката преку пречката со врвовите на прстите по феноменалниот удар на Едегор.
Се чинеше дека Арсенал е поблиску до водство, но по грешката на Калафиори, одлична шанса имаше Мален, кој го замени Воткинс. Сепак, шутираше покрај голот од добра позиција.
Тоа означи период на подобра игра на Вила, која заврши со голот на Бунедија.
Foto/ EPA
Спорт
Селекторите молчат – Дали Меси и Роналдо ќе играат на СП?
Двајца најдобри во 21 век се во доцните фудбалски години, што го поставува прашањето за нивниот настап на претстојното Светско првенство.
И Аргентинците и Португалците вешто ги кријат своите карти, без јасни навестувања дали Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе ги закажат своите лебедови песни за следното лето.
„Ќе почекаме додека не одлучи, засега не знаеме ништо. Во принцип, сè оди во вистинската насока. Само ќе ја прифатиме неговата конечна одлука, тоа е реалноста“, беше краток тренерот на светскиот шампион Лионел Скалони.
Неговиот колега, од португалскиот табор, не беше премногу расположен да разговара за жешката тема.
„Како и сите играчи, тој има уште шест месеци до Светското првенство. Моменталното ниво на Кристијано е високо, тој постигна 25 гола во последните 30 натпревари за Португалија и е во добра форма. Ќе почекаме до летото“, рече Роберто Мартинез.
Иако кормиларите се бранат со молчење, сосема е јасно дека двајцата великани едноставно мора да бидат меѓу патниците за Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Тоа би бил рекорден шести настап за Меси и Роналдо на најголемото фудбалско шоу во светот.
Foto/ EPA
Спорт
Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко
На Светското првенство во 2026 година, Бразил доби група по мерак. Во првата фаза петкратните светски шампиони ќе играат против Мароко, Шкотска и Хаити.
Бразил ќе го игра првиот натпревар на 13 јуни 2026 година против Мароко, по што ќе следат средби со Хаити на 19 јуни и Шкотска на 24 јуни.
„Мароко беше многу добар на последното Светско првенство во 2022 година во Катар, стигнаа до полуфиналето, додека Бразил беше елиминиран во четвртфиналето. Шкотска има многу силен тим, ќе биде многу тешко“, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.
„Мора да се обидеме да завршиме први во групата. Пред сè, мора добро да се подготвиме за првиот натпревар, кој ќе биде многу важен. Мора да размислуваме за победа на сите три натпревари. Прво против Мароко, што ќе биде најтешко, но и против другите два противници. Мора да имаме самодоверба“, додаде тој.
Бразил ќе одигра два пријателски натпревари во САД во март, против Франција и против Хрватска.
Foto/ EPA

