Свет
Јемен: Салех конечно го потпиша договорот за негово заминување
Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех денеска пристигна во Саудиска Арабија да ја потпише иницијативата за трансфер на власта во неговата земја, постигната од шестчлениот Совет за соработка во Заливот (ГЦЦ).
Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех денеска пристигна во Саудиска Арабија да ја потпише иницијативата за трансфер на власта во неговата земја, постигната од шестчлениот Совет за соработка во Заливот (ГЦЦ).
Планот, кој прва пат се појави уште пролетоска, му нуди на Салех и на неговите роднини имунитет од кривично гонење ако му ја предаде власта на својот заменик, потпретседателот Абдурабу Мансур Хади. Салех неколку пати до сега ветуваше дека ќе го потпише договорот, па го менуваше мислењето во последен момент.
Според специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Џамал Беномар, договорот го прифатиле и претседателот и опозицијата.
Сепак, познавачите тврдат дека опозицијата е многу расцепкана и се уште не е јасно кои од опозициските групи го поддржуваат договорот, а кои не. Студентите и активистите кои со месеци ги предводеа демонстрациите на Плоштадот на промените во престолнината Сана, веќе изјавија дека нема да го прифатат договорот, затоа што не биле вклучени и тие. Противење изразија и неколку вооружени групи.
Се шират гласини дека голем број членови на партијата на Салах исто така го притискале претседателот да не го потпишува договорот. Постојаното одбивање на Салех да го потпише договорот предизвика повеќемесечен политички застој, што ја доведе владата до состојба на хаос, а економијата во распад.
Политичката криза исто така го влоши тензиите на улиците на престолнината, каде што десетици илјади демонстранти се соочија со брутален одговор од владините сили во текот на сите десет месеци колку што траат, поради што стотици луѓе загинаа, а илјадници се ранети.
Иницијативата поднесена од ГЦЦ ќе значи и формален крај на 33-годишното владеење на Салех. /крај/Aljazeera/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Престанете да го смирувате тиранинот од Вашингтон“: Kаламар порача Европа да се спротивстави на Трамп
Европа мора да престане да се обидува да го „смири“ американскиот претседател Доналд Трамп и наместо тоа да му се спротивстави нему, како и на другите „тирани“ кои се решени да го уништат редот заснован на правила воспоставен по Втората светска војна, изјави денес генералната секретарка на Амнести Интернешнл, Агнес Каламар.
„Ни треба многу посилен отпор“, рече Каламар во интервју за АФП на маргините на Светскиот економски форум во Давос, предупредувајќи дека „кредибилитетот на Европа е во прашање“.
Каламар ги повика европските влади да покажат поголема „храброст“ и да знаат како да „кажат не“.
„Тие мора да престанат да веруваат дека можат да преговараат со тирани, мора да престанат да мислат дека можат да ги прифатат правилата на предаторите без да станат нивни жртви. Ова мора да престане“, рече Каламар, пренесува Хина.
Каламар оцени дека европските лидери минатата година воделе политика на смирување.
„Се обидовме да го смириме тиранинот, предаторот кој живее во Вашингтон и тоа нè доведе кон сè повеќе напади и сè повеќе закани“, рече таа.
Таа потсети дека европскиот проект не е само економски, туку се темели и на вредности и владеење на правото, и изрази надеж дека европските лидери ќе ги искористат сегашните предизвици како можност за повторно потврдување на европскиот проект.
„Ова бара напуштање на политиката на смирување“, заклучи таа, и рече дека „едноставно не функционира“, повикувајќи ја Европа да „се спротивстави“.
Свет
Политико: Трамп го избегнува Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп избегнува контакти со Володимир Зеленски на маргините на форумот во Давос, пишува Политико, повикувајќи се на извори.
„Според експертите за надворешна политика од Републиканската партија, Зеленски многу сака лична средба, додека неподготвеноста да се одржи доаѓа од Белата куќа“, се наведува во статијата.
Шефот на режимот во Киев, верува дека придобивките од комуникацијата со Трамп ги надминуваат можните ризици. Ако тој не комуницира со американскиот лидер, други ќе се справат со тоа, се нагласува во текстот.
По последната средба со американскиот претседател на крајот на декември, Зеленски тврдеше дека страните се согласиле за безбедносни гаранции за Украина.
Во исто време, Трамп пред неколку дена изјави дека Русија е подготвена да склучи мировен договор, додека шефот на режимот во Киев го одложува процесот.
На почетокот на декември, Владимир Путин ја прими американската делегација во Кремљ. Страните ја разгледаа суштината на иницијативата предложена од САД, но не успеаја да најдат компромисно решение. Како што изјави претседателот, Вашингтон ги подели 27-те точки од оригиналниот план во четири пакети и предложи тие да се разгледаат одделно.
Неколку дена подоцна, во Берлин се одржа состанок на претставници на САД и Украина, чија содржина беше пренесена на Русија преку шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.
На крајот на декември, Трамп одржа преговори со Зеленски во Флорида. Шефот на Белата куќа објави дека страните постигнале разбирање за 95 проценти од прашањата. После тоа, тој разговараше по телефон со Путин, кој го информираше за обидот на вооружените сили на Украина да ја нападнат неговата резиденција. После тоа, во Москва беше објавено дека преговарачката позиција е ревидирана, анализира медиумот.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.

