Контакт

Свет

Осудени сопружниците кубански шпионири во САД

Објавено пред

Волтер Мајерс (72) и неговата сопруга Гвендолин Мајерс (71) признаа дека се виновни за шпионажа во полза на Куба, пренесе Reuters

dobivaj vesti na viber

Волтер Мајерс е поранешен служебеник на Стејт- департментот и имал пристап до тајни документи. ВолтерТој соработувал со кубанските власти од 1979 г. се’ до оставката во Стејт-департментот во 2007 г.. Тој признал дека е виновен за заговор со цел шпионажа. Волтер Мајерс се соочува со можна доживотна казна затвор. Неговата сопруга признала дека е виновна за заговор со цел прибирање и предавање информации на Куба, кои се однесувале на националната одбрана на САД. Неговата сопруга Гвенделин Мајерс може да биде осудена на шест до седумипол години затвор.Сопружницит, исто така, на државата треба да и вратат 1,7 милиони долари. сумата која Волтер ја заработил во Стејт-департментот за периодот од 1983 до 2007 г.Двојката Мајерс беше уапсена на 6-ти јуни, по меколкугодишна истрага на Федералното истражно биро. Пензионираниот службеник на Стејт-департментот и неговата сопруга беа уапсени под обвинение дека триесет години шпионирале за Куба, а безбедносните тајни кои ги издавале на комунистичкиот режим во Хавана се карактеризирани како многу сериозниВо обвинението кое било соопштено во петокот, е наведено дека 72-годишниот Валтер Кендл Мајерс постојано се инволвирал се’ подлабоко во безбедносните активности на Стејт-департментот. Тој со во содејство со сопругата, 71-годишната банкараска службеничка Гвендолин Штајнграбер Мајерс, воспоставил шпионска соработка која имала голема важност за Куба. Податоците што ги издавале биле толку вредни, што еднаш дури имале и четиричасовен приватен состанок со комунистичкиот лидер на Куба, Фидел Кастро.Валтер се вработил во Стејт-департментот на одредено време во 1977 г. а од 1985 г. бил вработен на недодредено, а има податоци дека еден период работел како постар аналитичар во разузнавачки материјали за европските работи. Се претпоставува дека тој успеал да изнесе повеќе од 200 документи со изнаката „Врвна тајна“.Филип Кроули, портпаролот на Стејт-департментот изјави дека апсењето е изведено по тригодишна истрага на FBI, а дека државнаат секретарка Хилари Клинтон наредила сеопфатна проеценка на штетите сторени по американската безбедност со дејноста на сопружниците Мајерс. Помошникот министер за правосудст за национална безбеднсот, Дејвид Крис, пак, шпионската дејност ја карактеризирал како извонредно сериозни.Документацијата од процесот покажувала дека брачната двојка добила малку пари, туку дека повеќе станува збор за нивна љубов кон Куба, Кастро и воопшто комунистичкиот режим, пишуваат американските медиуми. Исто така, истрагат забележала и дека методата на нивната шпионка активност се менивале со времето, од пораки со радио-врска и морзеаовата азбука, до хартија со невидливо мастило, до електронски пораки испраќани од интернет-кафеа во 2007 г, кога Валтер се пензионирал. Интересно е што развојот на техннологијата во текот на трите децении ја предомислиле Гвендолин да ја самени вообичаениот метод на кој им пренесувала информации на Кубанците, со замена на  колички за пазарење во супермаркетите.Американските аналитичари напоменуваат дека овој шпионски случај се отвора во времето кога американскиот претседател Барак Обама најави нов пoчеток на односите со Куба по 47-годишното ембарго што го наметнаа САД за тамошниот комунистички режим.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Песков: Арктикот е наш регион, ние сме арктичка држава

Објавено пред

Русија е арктичка земја, за разлика од повеќето земји на Европската Унија, и е отворена за соработка на Арктикот, изјави портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

„Ова е наш регион. Ние сме арктичка држава, за разлика од огромното мнозинство земји од Европската Унија. Ние сме отворени за соработка и заедничко дејствување“, изјави Песков пред новинарите.

Ако политиката на Европската Унија е фокусирана на соработка на Арктикот, Русија ќе ја поздрави.

„Ако претставниците на Европската Унија имаат на ум нова политика насочена кон меѓународна соработка, тоа може да се поздрави. Ако, од друга страна, мислат на конфронтација, што во моментов е многу модерно во Брисел, тогаш, секако, тешко дека можеме да го поздравиме тоа и тешко дека ќе има некаков позитивен ефект“, рече Песков.

Според него, Русија има големи интереси на Арктикот и ќе ги брани, користејќи го целиот арсенал на меѓународното право.

Порано, Каја Калас, шефица на европската дипломатија, на конференција во Норвешка изјави дека на Европската Унија ѝ е потребна нова безбедносна политика на Арктикот.

Прикажи повеќе...

Свет

Нигериец кој се претставувал како принц од Дубаи измамил бизнисменка за 2,5 милиони долари

Објавено пред

Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам во Романија (DIICOT) отвори кривична постапка во случај во кој романска бизнисменка била измамена за 2,5 милиони долари од Нигериец кој се претставувал како „престолонаследник на Дубаи“, објавија „Агерпрес“ и „БТА“.

dobivaj vesti na viber

Од Дирекцијата денеска издадоа официјално соопштение за случајот, поради зголемениот интерес на медиумите. Во тек е истрага за кривичните дела „организирање криминална група“ и „измама со особено сериозни последици“.

Според медиумските извештаи, романската бизнисменка изгубила над 2,5 милиони долари откако била убедена да инвестира заедно со „престолонаследникот на Дубаи“ во хуманитарна фондација.

Всушност, станува збор за нигериски измамник по име Хенри Еке, кој користел сложена шема за да ги измами своите жртви, вклучувајќи лажни идентитети, фиктивни банки, наводни „финансиски советници“, како и романтични ветувања и предлози за брак.

Жената во Романија била убедена дека разговара со принц од Дубаи и префрлила над 2,5 милиони долари на лажна сметка на „фондација“. Парите доаѓале од различни банкарски кредити, за кои го хипотекирала својот дом, како и од финансиските ресурси на нејзината компанија.

Таа открила дека станува збор за измама откако ја контактирале двајца соучесници на Нигериецот, кои биле незадоволни што не го добиле својот дел од парите. Тие ѝ признале дека целата операција била измама.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин и Џјинпинг во телефонски разговор: Односите меѓу Русија и Кина постојано се развиваат

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот кинески колега Шји Џјинпинг разговараа за соработката меѓу нивните земји.

dobivaj vesti na viber

Повикот доаѓа неколку дена откако високи дипломати од двете земји го изразија својот став дека билатералните односи би можеле да „достигнат нови височини“ оваа година, бидејќи Пекинг и Москва се стремат да ја зајакнат економската соработка.

Нивното стратешко партнерство дополнително се зајакна по руската инвазија на Украина на почетокот на 2022 година, анализираат медиумите.

Двајцата лидери, кои се во редовен контакт, разменија новогодишни честитки на 31 декември, при што Шји изрази „подготвеност да продолжи да одржува блиски контакти“ со Путин, според кинеското министерство за надворешни работи.

Шји и Путин последен пат се сретнаа лично во септември, кога рускиот лидер присуствуваше на голема воена парада во Пекинг.

За време на посетата, Путин му рече на Џјинпинг дека односите меѓу нивните земји се на „невидено ниво“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија41 минута

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија2 часа

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија2 часа

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија2 часа

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија3 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија4 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет5 часа

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет6 часа

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет7 часа

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет7 часа

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...

Македонија21 час

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија21 час

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија22 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија1 ден

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион1 ден

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија1 ден

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија1 ден

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет1 ден

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...