Македонија
Македонија – земја на сиромашни и богати

Македонија во однос на животниот стандард се претвора во земја на сиромашни и богати, покажува најновото истражување
Македонија во однос на животниот стандард се претвора во земја на сиромашнии и богати, покажува најновото истражување.
Најбогатите 20 насто од населението во државата сочинуваат 42 насто од вкупниот расположлив приход, додека најсиромашните 20 проценти имаат само 5 насто од приходот.
Ова, како што јавува Макфакс, го покажа денеска презентираниот извештај „Граѓански засновани анализи“ на универзитетот на ЈИЕ и УНДП, подготвен од истражување во кое учествувале 3000 испитаници од сите региони во Македонија.
Поделбата на богати и сиромашни се должи на високата стапка на невработеност која е најизразена во североисточниот дел на Македонија. Токму невработеноста е најголемата причина за несреќа кај возрасната група над 55 години. Оваа возрасна група е особено ранлива во однос на долготрајната невработеност и на сиромаштијата поради ниското ниво на државните пензии.
Според извештајот нискиот животен стандард е причина македонските граѓани да се чувствуваат најнесреќни во регионот во однос на квалитетот на животот.
Причини за несреќата на луѓето се и ниската социјална вклученост и кохезија на одредени општествени групи.
Извештајот покажува и дека квалитетот на животот е поголем во урбаните подрачја, а особено во Скопје, споредбено со оние кои живеат во руралните области. Токму затоа урбаните подрачја се магнет за миграција на помладите и постручните луѓе од внатрешноста оставајќи ја поранливата посиромашната популација назад во селата.
На локално ниво главните проблеми на луѓето се бучавата, загадувањето на воздухот, и недостигот до пристап до зелени рекреативни површини.
Што се однесува до етничките групи најголемо ниво на среќа има меѓу етничките Македонци. Сепак тие имаат еднакво ниво на животно задоволство со етничките Албанци, додека ромската популација има значително пониско ниво на животно задоволство.
Во извештајот се проблематизира и квалитетот на образованието во земјата. Фактите говорат дека стапката на запишување во повисокото образование значително е покачена во последните години но има сомнежи во врска со квалитетот на стекнатото образование, а се забележува и постојан недостаток на кадар во развиените вештини на пазарот на трудот.
Сепак и покрај се, Македонците се оптимисти. Очекувањата за подобрување на квалитетот на животот се највисоки во североисточниот, полошкиот и вардарскиот регион, а најниски во југоисточниот и источниот регион на Македонија, покажа истражувањето „Граѓански засновани анализи“ на универзитетот на ЈИЕ и УНДП./крај/мс/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гори депонијата „Вардариште“, соопшти ЦУК

На територијата на државата евидентиран е еден пожар на отворен простор до 18:00 часот, соопшти ЦУК.
Според последните информации од центарот, гори депонијата „Вардариште“ во Општина Гази Баба.
Македонија
МВР со апел за фер и спортско навивање: било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
„Во врска со кошаркарскиот натпревар што се одржа на 02.08.2025 во Спортската сала во Куманово, во СВР Куманово веќе се повикани неколку осомничени лица со кои што е извршен службен разговор, и по извршени анализи во координација со ОЈО Куманово ќе бидат преземени конкретни законски мерки против инволвираните лица, вклучително и кривични постапки. Денеска, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничи дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
Во тој контекст, МВР уште еднаш нагласува дека во рамки на обезбедувањето на мирни и непречени спортски натпревари, полицијата ќе биде крајно ригорозна по однос на било какви нарушувања на јавниот ред и мир, односно било какви навредливи скандирања врз база на национална, етничка или верска припадност и тоа ќе биде најстрого санкционирано, без никаква толеранција. Само спортското фер навивање и бодрење може да ни донесе успеси, победи и спортски радости.
Македонија
Со ВМРО-ДПМНЕ исчезнува македонската култура, велат од СДСМ

Љутков и ВМРО-ДПМНЕ ја оставаат спомен-куќата на Петре М. Андреевски да скапува, тоа е нивниот патриотизам, велат од СДСМ.
Срамно е, болно и понижувачки за целата држава, додаваат од опозициската партија, кога синот на Петре М. Андреевски, еден од најголемите великани на македонската книжевност, мора да бара поддршка за да се спаси спомен-куќата на неговиот татко од влага, заборав и молк.
„Но тоа е резултатот кога министерот Љутков ја зголемува ставката за патувања и репрезентации на сметка на буџетските средства наменети за заштита на културното наследство.
Оваа спомен-куќа, оваа меморијална постановка во Слоештица, беше создадена токму во време на владеење на СДСМ – со јасна намера: трајно да се сочува споменот на творецот на „Пиреј“, творецот кој ја однесе Македонија до светските книжевни височини.
А денес? Денес тоа светилиште на македонската литература е оставено на забот на времето, игнорирано од министерот Љутков и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, кои инаку постојано се повикуваат на „чување на македонскиот идентитет“.
Ова, според СДСМ, не е обична негрижа, туку културен вандализам под раководство на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ.
„Ги красат бините со зборови за традиција, а ја пустошат суштината на нашата културна меморија. Ги споменуваат Карев и Делчев за дневно-политички поени, а го забораваат Петрета – кој ја воспеваше Македонија не со знамиња, туку со збор.
Оваа небрежност е културно предавство. Денес е Петре, утре ќе биде некој друг. А кога ќе ја снема културата- ќе ја снема и државата. Затоа СДСМ бара итна реакција, без разлика на кого е надлежноста, и спомен-куќата на Петре М. Андреевски да се стави под државна заштита и за истата да се обезбедат средства за одржување“.
Очигледно истакнуваат од СДСМ, ова е новата културна политика со која власта докажува дека не ја цени ниту државата ниту делото и ликот на нашите великани.
„Ако не знаете кој е Петре – прашајте ги учениците. Тие сè уште читаат „Пиреј“.
Ако не знаете што значи држава – прашајте нè нас. Зашто држава се гради со заштита и чување на културната посебност, а не со заборав.