Свет
Продолжува потрагата по телата од Ербасот на „Ер Франс“
Спасувачките екипи денеска ја продолжуваат потрагата по остатоците на Ербасот А330 на „Ер Франс“ и по телата на 228 патници загинати во летот 447
Спасувачките екипи денеска ја продолжуваат потрагата по остатоците на Ербасот А330 на „Ер Франс“ и по телата на 228 патници загинати во летот 447, пренесува Макфакс.
Вчера, во утринските часови, во зоната на падот на оддалеченост од околу 70 километри од местото каде што е загубен контактот со авионот, пронајдени се телата на двајца патници и акт чанта во која се наоѓал билетот за кобниот лет.
Првото тело било забележано околу 9.10 часот по локално време, додека вториот околу 11.30 часот. Телата биле префрлени на островот Фернандо де Норонха, заради идентификација. Спасувачите пронашле и чанта со лаптоп и здравствено осигурување. Пронајдени се и делови на авионот – остатоци од крилата и седишта.
За да помогнат во потрагата по црните кутии на паднатиот авион, американската морнарица на француските бродови им испратила два напредни локатори Towed Pinger, кои очитуваат сигнали до длабочина од 6.000 метри.
Откриено е дека Ер Франс уште пред една година го предупредил Ербас на проблеми со мрзнење на сензорите и грешки при очитувањето на брзината. Колку за потсетување, меѓу 24-те автоматски пораки за дефекти што летот 447 ги испратил пред исчезнувањето, биле и тие за проблеми со очитувањето на брзината.
Како што соопшти компанијата „Ер Франс“, уште во мај 2008. година биле забележани проблеми со очитувањето на брзината поради замрзнување на сензорите на моделите А330 и А340, па од произведувачот Ербас било побарано итно решение.
„Ер Франс“ тврди дека Ербас сакал да тестира неколку различни типови сензори, и покрај претходните сомнежи дека тоа ќе го реши проблемот.
Компанијата по пропаднатиот договор со Ербас одбила бесконечно да чека на решавање на проблемот, па со вградување на друг тип сензори започна на 27. април оваа година. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.