Надворешна политика
Иванов-Заоралек: Европските интеграции се круцијални за Македонија
Европските интеграции се од круцијално значење за Република Македонија, изјави во средата претседателот Ѓорѓе Иванов на средбата со министерот за надворешни работи на Чешката Република, Лубомир Заоралек, и оцени дека на земјата и е есенцијално неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес.
Во однос на аспирациите за членство во НАТО, претседателот Иванов побара поддршка од Чешката Република за прием на Република Македонија на претстојниот самит на алијансата во Варшава.
На средбата, исто така, беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што беше изразено задоволство од успешниот и позитивен развоен тренд во соработката, како и од континуираниот политички дијалог на сите нивоа.
Претседателот Иванов и министерот Заоралек разменија мислења и за соработката меѓу двете земји во поглед на напорите за интеграција на Република Македонија во ЕУ и во НАТО, како и во однос на актуелната мигрантска и бегалска криза. Во тој контекст, претседателот Иванов изрази благодарност за континуираната и активна поддршка од страна на Чешката Република за европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија.
Во однос на аспирациите за членство во НАТО, претседателот Иванов побара поддршка од Чешката Република за прием на Република Македонија на претстојниот самит на алијансата во Варшава.
Во однос на мигрантската криза, претседателот Иванов посочи дека Македонија се залага за сеoпфатно европско решение, за заеднички критериуми за справување со миграциската криза, намалување на безбедносните ризици и поддржува измена на закони за заштита на границите. Претседателот Иванов искажа задоволство за можноста Република Македонија на претстојниот Самит на В4 Групата да ги истакне своите ставови и позиции, својата загриженост од можните правци на развој на кризата, кои се надева дека ќе бидат земени во предвид и на претстојниот Европски совет.
Македонскиот претседател посочи на предлогот за воспоставување на стандардизација на регистрација на мигрантите со јасни заеднички критериуми, кои мигрантите треба да ги исполнуваат за нивно транзитирање низ балканскиот мигрантски коридор, преку употреба на унифицирани системи за регистрација и размена на податоци меѓу европските држави за барателите за азил, лицата кои се спречени на илегални патишта во намера да остварат влез надвор од контролните пунктови за регистрација и користењето на фалсификувани документи за транзитирање и регистрација.
Македонскиот претседател истакна дека земјата ја цени помошта од Чешката Република во менаџирањето на миграциската криза и го поздрави ангажирањето на чешки полициски службеници на јужната гранична линија, кои во координација со македонската гранична полиција, се вклучени во регулирањето на протокот на мигранти./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.