Свет
Ахмадинеџад: Ни САД, ни Израел не се способни да почнат војна против Иран
За напад врз Иран, САД немаат оправдување, а Израел – дводолно сила, па затоа военото сценарио околу Исламската Република е малку веројатно, рекол иранскиот претседател Ахмадинеџад во вторник во интервју за рускиот телевизиски канал на англиски јазик Russia Today
Оваа изјава на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад се однесува на изјавата од почетокот на август што ја даде началникот на Здружениот генералштаб на вооружените сили на САД, адмирал Мајкл Мален кој тогаш рече дека САД имаат план во случај на развој на настаните околу Иран. Сепак, адмирал Мален изрази надеж дека „до тоа нема да дојде“. Изјавата на американскиот адмирал дојде речиси истовремено кога Ахамдиенџад му предложи на својот американски колега Барак Обама да се сретнат во септември и да дискутираат за актуелните меѓународни прашања.„Апсолутно е јасно дека САД не се во состојба да започнат уште една војна. Морам да кажам дека САД претпочитаат да водат разговори не од некои логички позиции, туку од позиција на притисок. Од логичка гледна точка, САД немаат никаква основана причина да го нападнат Иран. Покрај тоа, за таков напад нема услови. Дали актуелните состојби на Блискиот исток дозволуаат почнување нова војна? Таква можност во моментов едноставно не постои“, рекол Ахмадинеџад.Коментирајќи во врска со изјавата на адмиралот Мален за постоење американски план за напад врз Иран, Ахмадинеџад изјавил дека неговата земја е подготвена да се брани, повторувајќи дека и покрај тоа што Техеран смета дека тоа е многу малку можно сценарио.„Ако, спротивно на очекувањата, сепак започнат војна, ние ќе бидеме подготвени да се одбраниме. Но истовремено сметаме дека ништо посебно нема да произлезе од тоа“, додал иранскиот претседател.Запрашан за можните израелски напади врз Иран, Ахмадинеџад вели дека Иран не може да биде нападнат ни од таа земја, ниту од која друга земја.„Израел е многу мал. Ние не го земаме предвид. Тие се премногу слаби да го нападнат Иран, и притоа знаат дека доколку не’ нападнат, Израел ќе биде уништен“, вели Ахмадинеџад.Инаку првата официјалан реакција на Техеран во врска со изјавата на адмиралот Мален, дојде многу брзо. Иранските власти тогаш го предупредија Вашингтон да не презема „непромислени дејствија“ против Иран, вклучително и воен напад врз Исламската Република. Како што тогаш изјави иранскиот министер за надворешни работи Манучехр Мотаки, САД долго време му се закануваат на Иран со воена акција, но сегашната ситуација во Ирак и во Авганистан не му дозволуваат да го направат тоа. Според Мотаки, доколку Вашингтон почне агресија против Иран, „нив ќе ги стигне многу полоша судбина отколку што ја сретнаа во Ирак и во Авганистан“.Годинава, американски официјални претставници во неколку наврати изјавуваа дека САД имаат план за можно воено решение на конфликтот, односно нарекувајќи го тоа „екстремна опција“, повиквуајќи на дипломатско решение на пробелмот со иранската нукеларна програма. На пример, државнито секретарот за одбрана, Роберт Гејтс изјави дека САД располагаат со потенцијали за напад, кои ги отвора новата амерканска неуклеарна доктрина, донесена пролетва.Иран и САД повеќе од 30 години водата нерпиајтелска политика меѓу себе. Дипломатските односи меѓу двете земји беа прекинати во 1979 г., кога радикалните поддржувачи на ајатолахот Хомеини ја нападнаа американската амбасада во Техеран, земајќи во заложништво 52 лица. За време на владеењето на Џорџ В. Буш (2001-2009), особено по изборите за претседател на Иран на Махмуд Ахмадинеџад во 2005 г., односите меѓу двете земји и натаму се влошуваа. Но и по стапувањето на претседателската функција на Барак Обама, односите меѓу Вашингтон и Иран значително не се променија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

