Македонија
Иванов: Потребна е визија и лидерство во ЕУ

Отворањето на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија ќе има позитивно влијание за целиот регион, рече претседателот Ѓорге Иванов пред денешната средба со претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Ковер во Будимпешта.
Отворањето на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија ќе има позитивно влијание за целиот регион, рече претседателот Ѓорге Иванов пред денешната средба со претседателот на унгарскиот парламент, Ласло Ковер во Будимпешта.Според него, за таквата одлука е потребно визија и лидерство во самата Унија. Смета дека разговорите со претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо во Охрид, како и средбите со државниот врв на Унгарија, земјата која во моментов претседава со Унијата, влеваат надеж за поместување на позицијата на Македонија во однос на евроинтеграциите. “На сите средби со унгарските власти беше потенцирано дека Унгарија како актуелен претседавач со Унијата ќе успее да го постави добивањето датум за преговори на сите состаноци кога ќе стане збор за проширувањето. Добивме и ветување дека на претстојната седница на Европскиот совет ќе биде поставено прашањето за добивање датум за почеток на преговорите“, рече претседателот Иванов.Претходно, Иванов оствари неформална средба со шефот на турската дипломатија, Ахмет Давутолгу, на која било разговарано за севкупната соработка меѓу двете земји. Со денешните средби со Ковер и претставници на македонската заедница, Иванов ја заокружува дводневната официјална посета на Унгарија. /крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови локален дожд, а на планините повремен снег

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и топло време, освен денеска и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради промена на затварач ф 2“ на улицата Црвена Скопска Општина бб прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, Министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Ѓорче Петров, Сопиште и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 09:00 до 12:00 часот, дел од с.Волково – место викано Пржина. (Општина Ѓорче Петров).
· Oд 09:00 до 15:30 часот, ул.29 село Сопиште. (Општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Бриселска, Софиска и Гаврил Лесновски. (Општина Карпош)